28 Март, 2024
0.0340

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентиран сетот економски мерки, а од коронавирусот починаа уште две лица

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ПРЕМИЕРОТ ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ СЕТОТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ

Компании кои се погодени од кризата, меѓу нив и медиуми ќе добијат за април и мај субвенција од државата во износ од мимална плата или 14.500 денари месечно по работник. Сите функционери ќе земаат истовремено во тие месеци само по 14.500 денари односно минималец – а таква плата ќе има и претседателот на државата, премиерот, министрите, директорите. Ова се дел од пакетот 17 мерки кои Владата ги усвои како втор сет мерки за помош на македонската економија. Пред да ги соопшти, премиерот Оливер Спасовски рече дека ова е најголема закана по Втората светска војна. Рече дека од здравствен аспект презеле доста мерки кои даваат резултат. Со економските се надева дека ќе се овозможи нормално функционирање на буџетот и ќе се задржат што повеќе работни места. 

Со првата мерка, како што рече, предвидена е финансиска поддршка на погодени од кризата правни субјекти, работодавачи од приватниот сектор за месеците април и мај 2020 година, со износ на минимална плата 14.500 денари месечно по работник.

„Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза. Со цел спроведување на мерката ќе биде отворена владина Програма за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Работодавачите, правни субјекти од приватниот сектор самостојно ќе ја исплатат платата на редовен начин преку алатката МПИН на Управата за јавни приходи. Работодавачите од приватниот сектор баратели на финансиска поддршка ќе треба да исполнат неколку услови за да ја користат мерката - да не исплаќаат дивиденди на сопствениците како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот, да имаат најмалку 30 проценти намалување на приходите споредено со просекот од минатата година сезонскиот просек, рече Спасовски.

Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти од приватниот сектор, под истите услови.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по денешните економски мерки што ги објави Владата искоментира дека сепак поголемиот дел од неговите предлози биле прифатени.

„Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните!

Драго ми е што денеска Владата на Северна Македонија прифати и усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме јас и економскиот им на СДСМ, но и донесе дополнитени мерки.Втората мерка е за сите спортски работници вработени во спортските здруженија - Владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

НОВИ ЖРТВИ ОД ОПАСНИОТ КОРОНАВИРУС 

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека има двајца починати од коронавирусот. 

Се работи за мажи од Куманово и Дебар. 

Едниот имал дијабетес, срцеви проблеми, а се поврзува со лице кое патувало во Франција. Другиот е повозрасен човек. 

За 24 часа има 44 нови заразени. Направени се над 300 тестови. 

Сега имаме 329 заразени од Ковид 19 во земјава. 

„Вкупниот број на тестови направени во нашата држава е 3.518 од почетокот на пандемијата“, вели Филипче. 

Пензионер од Битола починал додека бил во задолжителна самоизолација откако се вратил од Англија, информира Сител.

Станува збор за 66-годишен битолчанец кој живеел во стан на улицата „Димче Лахчански“ во Битола. 

Две недели бил сам во самоизолација, бидејќи неговото најблиско семејство живеело во Англија.

СЕ СОСТАНА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Претседателот на државата, Стево Пендаровски попладнево по 4-та седница на советот за безбедност посветена на корона кризата, изјави дека министрите реферирале за тоа како се справуваат со епидемијата. 

Вели дека заклучокот е дека состојбата е сложена. 

„Досега имаме адекватна поставеност на државата и стриктно спроведување на препораките од СЗО“, вели Пендаровски. 

Рече дека ни претстои тежок период и дека треба да се намалат штетите по економијата.

До истекот на вонредната состојба ќе има најмалку уште една седница на советот за безбедност. 

Тој смета дека се добри сетот економски мерки на владата. 

ПРЕСУДИ ЗА ДВА ПРЕДМЕТИ

Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески денеска беше осуден на 8 години затвор во случајот Транспортер. 

Во Кривичниот суд, пресудата ја изрече судијката Добрила Кацарска.

По три години и шест месеци затворска казна добија Ејуп Аљими и Исмет Гури, обвинети во случајот Титаник 3. Ова се први пресуди против функционери на ДУИ за уништување на изборен материјал, кои ги изрече водечката судијка, Марија Клетничка .

Пратеникот од ДУИ во сега веќе распуштениот собраниски состав Ејуп Аљими денеска не дојде да ја слушне пресудата на скопска единица.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Никому сега не му е до плажа. Дури и некој да сака да резервира патување, на пример за јуни, и со тоа да искористи пониски цени, не може да се знае како дотогаш ќе се развива состојбата со коронавирусот во светот, и дали и какви рестриктивни мерки ќе важат тогаш во земјава, но и во државите во кои би се патувало.

Туристичките агенции во земјава не се отворени, но нивните вработени работат од дома и се постојано достапни на телефоните што се оставени како дежурни на нивните веб страници. 

Новиот коронавирус, Ковид-19 се уште е енигма за здравствените експерти. Во јавноста до сега можеше да се слушнат и да се прочитаат сосема дијаметрално спротивни тези. 

Некои го нарекоа зимски вирус, зошто не можел да опстојува на повисоки температури.

Народната банка останува на препораката што ја даде минатата недела, банките да не носат одлуки за исплата на дивиденда од добивката за лани.

Најголем интерес кај новинарите предизвика прашањето зошто се изземени вработените во јавниот сектор, а намалување ќе има само кај функционерите. 

Според првиот човек во Владата, функционерите требале да бидат први кои ќе се солидаризираат со состојбата. 

Во Македонија коронавирусот се шири, бројот на заразени расте, а воздухот е загаден, што негативно ќе се одрази на имунитетот.

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра