29 Март, 2024
0.0815

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По пожарот во Тетово дисциплината е поголема, а во меѓувреме протече документ за набавка на модуларните болници

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО ДИСЦИПЛИНАТА Е ПОГОЛЕМА 

Д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, утринава гостуваше во Утрински брифинг, каде што проговори за активностите на Инспекторатот во изминатиов период, а конкретно се задржа на контролите што ги изврши ДСЗИ во сите мопдуларни болници низ Македонија по трагедијата во тетовската модуларна болница, во која живоптот го загубија 12 пациенти и уште две надворешни лица.

-Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај. Ковид одделенијата имаат апсолутна забрана за посета, нагласи директоркта Бухова во Утрински брифинг.

ПРОТЕЧЕ ДОКУМЕНТ ЗА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ

Во одредени медиуми протече документот за јавната набавка на 17-те модуларни болници за ковид-пациенти склучен помеѓу Светска банка и Министерството за труд и социјална политика, а тенденцијата е одговорноста да се префрли на директорот на тетовската болница Флорин Бесими, кој поднесе оставка откако во Тетово изгореа 14 лица.

Според документацијата, наводно Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на Светска банка само го спроведувале договорот, а локалните власти и директори требало да го контролираат квалитетот и функционалноста. 

Кога станува збор посебно за тетовската модуларна болница, Бесими фигурирал како изведувач во локалниот надзор. Од подготвителната фаза, па се до последната оперативна фаза, за контрола на изградбата, функционалноста и заштитните механизми во објектот надлежни се во различни сегменти општинските власти во Тетово или изведувачот-понудувач „Брако“.

ДЕНЕС ИМА 554 ЗАРАЗЕНИ И 17 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи

на КОВИД-19:

Скопје – 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по 6, Струмица и Штип – по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 891 оздравени пациенти од: Скопје – 360, Охрид – 132, Струга – 105, Куманово и Струмица – по 42, Тетово – 26, Велес – 20, Гостивар – 19, Прилеп и Штип – по 18, Битола и Кичево – по 16, Кавадарци – 9, Кочани, Радовиш, Дебар и Берово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 6, Свети Николе и Кратово – по 5, Виница и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Валандово и Дојран – по 2, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г).

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ НА КОСОВО

Косово мора да разговара, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува, вели албанскиот премиер Еди Рама за најновите случувања во регионот. 

Рама го оценува како правилен проблемот што го поткрена Косово и според него реципроцитетот на регистарските таблички, што треба да се гарантира, треба да го избегне бумерангот од замрзнување на конфликтот во овој момент, како што се случи со царината од 100 отсто. 

Денеска бројот на Срби на граничниот премин Јариње се зголемил во однос на минатите денови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако почна пандемијата на коронавирусот, која пак наметна рестрикции при патувањата, бугарските државјани скоро и да не го посетуваат градот Делчево.

Ќе се успее ли навреме да се изгласа законското решение за недела да стане неработен ден до крајот на месецов, засега нема многу големи изгледи.

Новиот, најголем трговски центар во Македонија Ист Гејт Мол ќе се отвори во втората половина на октомври. Во него ќе има многу познати светски брендови, а како што е потврдено, светски познатиот моден магнат, Групацијата Индитекс ги носи во земјава како “деби“ на македонскиот пазар познатите „Zara Home“ и „Oysho“ . 

Нови десет згради ќе никнат на местото на поранешен Скопски саем.

East Gate Living денеска објави нов модерен концепт на домување, и велат дека тоа се конечно добри вести за сите кои се во потрага по промена во начинот на живеење во главниот град на земјава.

Владата на последната редовна седница разгледувала можност за започнување на нова постапка за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за субвенционирање на билетите, што по автоматизам треба да повлече нивно поевтинување за патниците.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор