08 Декември, 2024
0.0293

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски чувал пиштол во партијата, адвокатот му позајмил 20.000 евра за три години

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

СВЕДОЧЕШЕ АДВОКАТОТ НА ПАЛЕВСКИ

Адвокатот Васко Стојков денеска во судот објасни како го однел со возило првообвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски во Белград. 

Детално раскажа каде бил на 30 ноември 2023 година.

„Бев дома утрото, а потоа заминав во Белград со Љупчо Палевски. Утрото околу 8.30 часот ми се јави Палевски, дали знам нотар што работи во четврток, кој беше неработен ден. Реков дека не знам. Ме викна во партија на кафе, таму ме чекаше Влатко Кешишев, ми рече Палчо не е тука, ајде да одиме кај него. Влезе во колата, тргнавме накај Аеродром, кон Фондот за пензиско, и таму влеговме во еден стан каде беше Палевски. Во станот беше уште едно лице кое не го познавам. Таму прво коментиравме околу самата зграда, па зборувавме зошто му е нотар. Рече дека сака да оди прво до Белград, а потоа до Турција на лекар, но дека нема кола за преку граница, дека нема полномошно од нотар да го вози надвор од граница возилото на партијата, а тоа беше комбе „фиат добло“. Му реков дека јас можам да го однесам“, додаде адвокатот. 

Членови и симпатизери на политичката партија „Десна“ денеска во Основен кривичен суд Скопје сведочеа во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие споделија за нивниот ангажман во партијата, познанството со обвинетите и моментот на претрес на просториите на партијата.

РАДЕВ И СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА РАЗГОВАРАА ВО БАКУ

Според бугарскиот претседател Румен Радев, ако Северна Македонија навистина има желба за Европската Унија(ЕУ) мора да ја исполни преговарачката рамка и договорот за добрососедство.

Вели дека државата не треба да губи историско време за членство во Европската Унија. Радев денеска имаше средбата со македонската колешка, Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на Конференцијата за климатски промени – ЦОП 29 во Баку.

Како што пренесе БНР.бг, бугарскиот претседател ја пофалил комуникацијата со Давкова, коментирајќи дека била отворена, конструктивна и прагматична, а истото треба да го следи и македонската влада.

ВОДАТА ВО БЕРОВО ИМА ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО МАНГАН

Беровчани од утре ќе пијат вода од цистерни, затоа што во водата од чешмите има големо количество манган. Од вчера водата во Берово е дозволена да се користи само за техничка употреба.

Од утре до сите граѓани во Берово ќе биде доставена вода со цистерни која ќе се полни од соседно Делчево, информираа од комуналното претпријатие во Берово.

Ќе бидат испратени примероци од вода до неколку лаборатории во државата и во зависност од добиените резултати, граѓаните дополнително ќе бидат известени за состојбата со користење на водата за пиење.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Невработеноста во Македонија како проблем останува и понатаму присутна, иако последниве години стапките на невработеност постојано се во опаѓање. Последните податоци за состојбите на ниво на регионите во Македонија, објавени од Државниот завод за статстика покажуваат дека имаме големи разлики од регион до регион.

Октомври е златен месец за скопската фирма „Ланд – сервис“. Во два тендери во ист ден оваа компанија доби тригодишен бизнис вреден 8 милиони евра. Станува збор за тековно одржување на државни објекти како и за одржување на хигиената во нив. „Ланд-Сервис“ кој лани за цела година приходувал вкупно 1,7 милиони евра сега само од едниот тендер на СОЗР ќе земе толку пари годишно.

Котираните акционерски друштва на Македонската берза ги објавија своите деветмесечни биланси на успех, од кои се гледа како тие работеле од почетокот на годината па досега, но кога Берзата ќе ги објави резултатите на едно место, добиваме секогаш појасно слика како изгледа најмоќниот дел од македонската економија.

Нови акции купија браќата Душан и Владимир Пецовски од компанијата „Реплек“, а акции таму продолжува да продава бизнисменот Зоран Азманов, односно неговата градежна компанија „Настел“. 

Состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија е повторно во фокусот на јавноста, веднаш штом температурите почнаа значително да опаѓаат. Скопје, Битола, Тетово и Куманово се едни од најпогодените градови, каде загадувањето со штетни честички, особено PM2.5 и PM10, достигнува високо ниво. Главни извори на загадување остануваат зимското затоплување, индустриските активности и интензивниот сообраќај.

Жители на селата во околината на Свети Николе летово во пожарите останаа без своите домови, посеви, помошни објекти и чекаат обештетување од државата. Надлежните за ова прашање, велат дека проценката се врши на терен и процесот не е целосно завршен. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание