23 Април, 2024
0.0512

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 408 заразени, Филипче бара мерките за заштита од Ковид - 19 итно да се донесат

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

И ДЕНЕС ИМАМЕ ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент од: Скопје-148, Куманово-4, Штип-17, Прилеп-16, Тетово-18, Струга-4, Велес-4, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-3, Гевгелија-9, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-4, Берово-1, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-4 и Неготино-1.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ИТНО ДА СЕ ДОНЕСАТ

Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат, порача министерот за здравство, Венко Филипче.

Вели дека пратениците треба да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот.

„Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави. Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна. Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата. Следат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници“, порачува министерот. 

И покрај тоа што беше најавено, денеска пред пратениците во Собранието не се најдоа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои препораките од првиот пакет рестриктивни мерки се уште немаат правна завршница. 

УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЌЕ РАБОТАТ ДО 23 ЧАСОТ

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Владата денеска ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

БУГАРИЈА НЕ БАРА ПРОМЕНА НА УСТАВ, НО МОЖНО Е ДА БЛОКИРА

Има можност да не се донесе одлука за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија, а тоа би значело дека една земја нема да дозволи. Сепак има работи за кои не се преговара. Ова го рече премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање коментирајќи ги изјавите од бугарска страна во врска со прашањата поврзани со Македонија. Тој сепак е дециден дека Бугарија не бара промена на Уставот на земјава и рече дека нема да има нов договор со источниот сосед, како што се шпекулира. Заев вели дека Бугарија ја признава реалноста и постоењето на македонскиот јазик. Повтори дека Република Северна Македонија нема територијални претензии и ги решава проблемите низ духот на меѓусбено разбирање.

„Верувам дека Бугарија која беше најголем поддржувач ќе продолжи тоа да биде и во иднина. Во сите свои изјави и наративи тоа го потврдува. Јас верувам дека тоа ќе се случи во декември, но ако не се случи тогаш, треба да се знае дека се бара од нашата страна нешто што ние никако ниту смееме да разговараме ниту би сакале да го прифатиме, рече Заев.

На дополнително прашање за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека нема да има лидерска средба.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Собранието е доставен предлог за измена на Законот за поштенските услуги со кој се врши одложување на рокот за либерализација на поштенските услуги до 2022.

Кои се струмичките компании каде наводно биле одлевани пари од Еуростандард банката на бизнисменот Трифун Костовски, на која Народна банка и ја одзеде дозволата за работа и врз неа беше отворена стечајна постапка.

Финишира изборот на директори во државните институции. Договорени се кадровските решенија за местата каде Владата именува раководни позиции. За некои од местата, пак каде мандатите се истечени ќе бидат објавени конкурси за избор.

Убедливо најуспешна спортска компанија е минатогодишниот европски шампион во ракомет РК „Вардар“ и според остварени приходи и според реализирана добивка.

Ковид кризата донесе нов раст на бројот на отпуштени граѓани од работа поради економските проблеми со кои се соочуваат компаниите.

Можеби ќе ве интересира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“