24 Април, 2024
0.0281

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нов црн рекорд, денес над 640 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

НОВ ЦРН РЕКОРД ВО МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Неготино-1.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85г), еден од Куманово (59г), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75г), двајца од Велес (61 и 62г), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76г), еден од Струмица (66г) и еден пациент од Свети Николе (69г). 

ИТНО ДА СЕ ДОНЕСАТ ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ

ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за здравство Венко Филипче, како што велат од таму,  веднаш без никакви изговори да ги доставите предлог законските измени со цел заштита на јавното здравје на граѓаните во ситуација на пандемија со КОВИД-19, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, барањето на ВМРО-ДПМНЕ е кочење на законските измени, затоа што дополнително најголемата опозициска партија бара формирање специјална комисија која ќе се справува со коронавирусот. Од владеачката партија сметаат дека тоа е едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската на ВМРО-ДПМНЕ.

Забрана за јавни собири по 22 часот, забрана за семејни собири со повеќе од четири гости и задолжително носење на заштитни маски на отворено се предложените мерки кои Влада ги усвои, но како построги мора да бидат законски формулирани.

ЛЕКАР ОД КУМАНОВО ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Kако последица од коронавирус, почина хирургот, д-р Драган Тасевски од болницата во Куманово.

На социјалните мрежи веќе се простуваат од него оние кои го познаваат и негови колеги од болницата со кои соработувале. 

Доктор Тасевски битката со опасниот вирус ја загуби на 60-годишна возраст.

„Од "неопасниот" вирус, јас би рекла од најнепредвидливиот вирус, вчера изгубивме колега од Кумановската болница, хирургот Д-Р Драган Тасевски. Нека му е лесна земјата, а со свои 60 години не беше за во земја...Колку се е релативно, денес сме тука, утре не сме. Вирусот е дефинитивно руски рулет. Нека почива во мир, тажно, навистина тажно....веројатно јас како паталец поинаку го доживувам вирусот...“, напиша докторката Гордана Николиќ од кумановската болница. 

ВЛАДАТА ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА КАРАКАЧАНОВ

Владата реагира на изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов кој изјави дека ќе прати полк да ги урне спомениците во Скопје. 

Од Владата ја осудуваат изјавата на Каракачанов кој пред неколку дена во радио интервју порача дека е подготвен да ја испрати бугарската војска во Македонија да ги сруши сите споменици на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“.

„Вакви изјави се недостојни и недолични. Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија. Треба да се разграничи тоа што е работа на политичарите од работата на Мешовитата комисија за историски прашања“, изјави Душко Арсовски, портпарол на Влада.

Заканите не се начин на комуникација помеѓу две земји сојузнички во НАТО алијансата, возврати и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дали пратениците и расправата што се најавува во законодвниот дом ќе помогнат да се одмота клопчето Еуростандард банка. Ќе се разоткријат ли мистериите за тоа како дошло до пропст на банката, и што е уште поважно, каде завршиле милионски суми пари, кои сега не можат да се наплатат и да се обештетат штедачите чии пари останаа заглвени во банката.

На градските пазари, покрај тезгите со компири, пиперки и домати може да се купи сé и сешто – од шрафови и најразличен алат, преку козметика, чанти, обувки, облека, часовници, до цигари и режан тутун. 

Карантин во Словенија, односно ограничување на движењето од 22 до 6 часот наутро, задолжително носење маски и на отворено во Бугарија, мерка која од утре стапува на сила по рекордниот број новозаразени, затворање на кафулиња, барови, ресторани во Белгија.

Амбулантата во Ковид-тријажниот центар во ГОБ „8 Септември“ која работ 24 часа дневно се прават и по 40 прегледи.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека пазарните инспектори ги чекаат новите законски решенија кои треба да бидат изгласани од Собранието, за да можат угостителските објекти што ги прекршуваат здравствените протоколи и сами да ги затвораат на 30 дена, и на лице место да изрекуваат парични казни. 

Можеби ќе ве интересира

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?