24 Септември, 2020
0.1329

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема договор меѓу Заев и Ахмети, а денес имаме 422 оздравени пациенти

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Август, 2020

ЗАЕВ И АХМЕТИ НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА

Разговорите продолжуваат, изјави попладнево Зоран Заев, лидерот на СДСМ по средбата со Али Ахмети, претседателот на ДУИ во Собранието.

Договор засега нема. Ахмети денеска упати покана за заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок в четврток по повод годишнината на Охридскиот рамковен договор, Заев во изјава за ТВ 21 тоа го оцени како притисок врз него, СДСМ и коалицијата „Можеме“, но наведе дека е прерано да даде каков било одговор на тоа дали таа средба може да влијае врз формирањето на новото парламентарно мнозинство.

Ахмети вели дека разговараат за да ги доближат ставовите. 

Рече дека од двете страни ќе зависи дали ќе има позитивен епилог. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА НАД 400 ОЗДРАВЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2,  Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5. 

Почината е една пациентка од Скопје (70г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942,  бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327. 

Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен.

НЕМА ЗАКЛУЧОК ЗА НАСТАВАТА ОД 1 СЕПТЕМВРИ

На средбата меѓу претставниците од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести се водела долга дискусија околу моментално најактуелнта тема која се однесува на точно 23.000 ученици, нивните родители и сите просветни работници.

Од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека станува збор за комплициран процес и воопшто не е лесно да се пресече наеднаш, без да се договорат сите поединости.

-Крајниот збор ќе го има Министерството за образование и наука, а ние сме тука за здрасвтвените мерки и протоколи. Станува збор за комплексна работа. Во рашање се 23.000 ученици. За многу модели досега разговаравме, а еден од нив, кој мене лично и ми се допаѓа е учениците до 10 години да одат во училиште, а од погорните одделенија да имаат онлајн настава. Ако повозрасните ученици би биле дома, ќе има повеќе просторни можности за помалите, но ќе видиме, се уште е рано за одлуки, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести.

Истовремено појаснува дека остануваат многу работи да се додефинираат, напоменувајќи дека доколку се разболе некое дете, во тој случај цел клас би требало да оди во изолација цели две недели заедно со наставникот и ред други поединости.

СЕ МЕНУВААТ УНИФОРМИТЕ ВО МВР

Министерството за внатрешни работи во врска со објавата на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за потпишување на правни акти за воведување двојазични натписи на униформите на полицијата, како и правно толкување во однос на тоа што треба да преземе Министерството за внатрешни работи во идниот период, ја информира јавноста за следново:

Во Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/19) во членот 1 е утврдено дека на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во продолжение на истиот член се утврдува дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон. 

Согласно член 8 став (3) од наведениот закон, униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За фотографирање за лични документи телефонски се закажуваат термини, но странките велат дека истите не секогаш се почитуваат.

Денеска истекува рокот за прибирање понуди од оператори за јавно-приватно партнерство за изградба, одржување и управување на дистрибутивната мрежа за природен гас до домаќинствата во Македонија по јавниот повик што претходно го објави Министерството за економија за инвестиција од 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата. 

На три недели пред старт на учебната година, членовите на комисијата за заразни болести денеска повторно ќе седнат на заедничка маса со претставници на Министерството за образование и наука за да ги усогласат деталите за тоа како ќе се довива образовниот процес во услови на епидемијата со корона вирусот.

НЛБ Банка има солидни резултати со оглед на условите во кои работи и негативните влијанија на пандемијата што царува од март годинава. Добивка од речиси 12 милиони евра, очекувано пониска заради очекувано зголемените резервации, зголемено кредитирање, раст на депозитите.

На средбата меѓу претставниците од Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести се водела долга дискусија околу моментално најактуелнта тема која се однесува на точно 23.000 ученици, нивните родители и сите просветни работници.

Можеби ќе ве интересира

КОВИД - 19: Две жртви и 152 нови случаи

КОВИД - 19: Две жртви и 152 нови случаи

Промена во протоколот за градинките: Во групите до 2 години може да бидат згрижени до 12 деца

Промена во протоколот за градинките: Во групите до 2 години може да бидат згрижени до 12 деца

(ВИДЕО) Полицајци тепаат човек - МВР го истражува случајот

(ВИДЕО) Полицајци тепаат човек - МВР го истражува случајот

Познатата Атиџе кажа зошто се онесвестила

Познатата Атиџе кажа зошто се онесвестила

Николовски: Посебен член на Владата ќе предлага разрешувања на функционери на седница

Николовски: Посебен член на Владата ќе предлага разрешувања на функционери на седница

Се бара решение за родителите на деца до шест години, но властите уверуваат дека најмалите имаат силен имунитет и можат слободно да одат во градинка

Се бара решение за родителите на деца до шест години, но властите уверуваат дека најмалите имаат силен имунитет и можат слободно да одат во градинка

Нема олеснување: Кочан во затвор 4,8 години

Нема олеснување: Кочан во затвор 4,8 години

Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

Атиџе се онесвести на настан, интервенираше Брза помош

Атиџе се онесвести на настан, интервенираше Брза помош