08 Декември, 2024
0.0275

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонскиот научник Васко Саздовски загина во Нови Сад, таму работел и планирал да отпатува дома

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

ВАСКО САЗДОВСКИ ВО НОВИ САД РАБОТЕЛ КАКО НАУЧНИК

Македонскиот државјанин кој загина вчера во Нови Сад бил од Свети Николе. 

Васко Саздовски (45) загина откако се урна натстрешницата на главната Железничка станица.

Саздовски работел како научник во локалниот институт „Биосенс“, објави „Политика“. Директорот на овој институт, Владимир Црнојевиќ ја потврди информацијата. 

Саздовски имал научна кариера, работел во „Биосенс“ повеќе од една година, а скоро секој викенд се враќал во Македонија. Токму вчера тргнал да се враќа кон Македонија.

„Биосенс“ е истражувачко-развоен институт за информатички технологии на биосистемот. Основан во 2015 година, истражува иновативна примена на ИТ во земјоделството.

ВЛАДАТА И ОПШТИНА КУМАНОВО ЌЕ ПОМОГНАТ НА СЕМЕЈСТВОТО

Владата ќе му помогне на семејството на загинатиот Васко Саздовски, кој настрада вчера во Нови Сад, а помош најави и Општина Куманово. 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека Владата ќе му помогне на семејството на Саздовски, кој вчера загина во трагичната несреќа во Нови Сад при уривањето на бетонската натстрешница на тамошната железничка станица.

„Во текот на вчерашниот ден се слушнав и комуницирав со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој воспостави контакт со неговиот српски колега. Работиме и ќе помогнеме се што е потребно за да, колку што можеме да ја ублажиме болката поради овој немил настан“, рече Мицкоски.

НАЈМАЛКУ 20 ЛУЃЕ СЕ ПОВИКАНИ НА РАСПИТ ПОРАДИ НЕСРЕЌАТА

Српските власти ќе сослушаат голем број луѓе за да се утврди одговорност за несреќата од вчера. Најмалку 20 луѓе се повикани на сослушување во српското обвинителство по несреќата во Нови Сад која се случи вчера и во која загинаа 14 луѓе, откако се урна натстрешница на Железничка станица. 

Треба да се утврдат „сите суштински елементи на кривични дела и кривична одговорност“ за несреќата. 

НЕПОЗНАТ ЧОВЕК ГО НАПАДНАЛ НИКОЛА ДИМИТРОВ

Екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во својот најнов статус на Фејсбук сподели непријатна случка. 

Вели дека го нападнал непознат човек, кој според него најверојатно бил политички мотивиран. Димитров истакна дека, иако како јавна личност е свесен за критиката, не може да толерира кога таа ескалира во агресија и закани, додавајќи дека инцидентот го пријавил во полиција.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Силјановска Давкова не отпатува во Париз, се расипал владиниот авион

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Предизвикан пожар во планинарскиот дом Караџица

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Левица: ДПМНЕ и Јанчев донесоа ДУП во Кавадарци за кој жителите поднесуваа кривични пријави

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание