25 Април, 2024
0.0330

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kороната однесе млад живот, лидерите преговараат за составување на Влада

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

МЛАДО МОМЧЕ ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Починатиот 22 годишен пациент од Скопје е лице со Даунов синдром, примен во ГОБ „8 Септември“ во тешка општа состојба на 16.07.2020 година. 

Ова е одговорот од Министерството за здравство на прашањето на Фактор дали младиот човек имал коморбидитети.

Ова е не прв случај млад човек со Даунов синдром да почине од коронавирусот. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА 113 ЗАРАЗЕНИ И 6 ПОЧИНАТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје-103, Куманово-13, Дебар-1, Штип-75, Тетово-31, Битола-2, Кавадарци-2, Гостивар-19, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-4, Ресен-2. 

Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје (64г., 22г. и 83г.), пациент од Куманово (72г.), пациент од Струга (48г.)и пациент од Охрид (75г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402. 

ТЕЧАТ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛАДА

Средба имаше денеска меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоцски тргна кон создавање парламентарно мнозинство потребно за мандат и нова влада. 

Средбата меѓу Мицкоски и Али Ахмети, како што информираат партиски кругови, траела повеќе од еден час, а се одвивала во Собранието. Темата била формирање коалиција којашто ќе ја сичинува новата влада.

Откако Димитар Апасиев, лидерот на Левица, јавно соопшти дека двата пратеници од таа партија ќе ги подржат ВМРО- ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа, денес Мицкоски се сретна со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

КАРТИЧКИТЕ СЕ ТРОШЕЛЕ ПО МАРКЕТИ

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, преку фејсбук објави дека околу 305 илјади граѓани ја користат домашната платежна картичка. 

Заклучно 1 август доделени се картички во вредност од 26,7 милиони евра, од кои корисниците до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра. 

„Ова се средства кои се вбризгани во домашната економија преку купување македонски производи и услуги“, вели Ангеловска

Со картичките реализирани се над 1,7 милиони транскации. Најголем дел од нив се во маркети, и тоа 89 отсто, ресторани и храна, 5 отсто, и текстил, облека, обувки, само три отсто.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За време на продолжениот викенд, Охрид беше преплавен со домашни гости, при што имаше критики за фрлање на отпадоци на јавни површини.

Во текот на три дена, собрани се над 3.000 метри кубни смет.

Сакате на одмор да заминете во некоја од странските држави? Ова лето, за жал, изборот не е голем. 

Грција, како и останатите земји членки на Европската унија, реши да не ги отвори вратите за македонските туристи најмалку до 15 август. Истото важи и за земјите членки на Европската унија. 

„Витаминка“ одржа лекција по оптимизација и ангажман на ресурси, планирање и пазарна пенетрација и во услови на COVID 19 успеа да ја зголеми нето добивката за 25 отсто во споредба со лани.

Силна шпекулација вчера доцна вечерта ја „потресе“ јавноста, дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се пред договор за формирање влада, со Лазар Еленовски како премиер, кој на некој начин би го исполнил и барањето на ДУИ. 

Градежна фирма од Липково вложи 1,8 милиони евра во акции на „Скопски пазар“ и со тоа и формално заврши ерата во која со најголемата скопска компанија за управување со зелени пазари беше под контрола на семејството Давитковски кои беа продавачи на акциите

Можеби ќе ве интересира

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад