24 Април, 2024
0.0268

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaрантинот ќе трaе 42 часа, а границите ќе се отворат идниот месец

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ТРАЕЊЕТО НА КАРАНТИНОТ

Владата донесе одлука за карантинот за празникот. 

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро“, информираат од Владата. 

Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го слават Курбан Бајрам. 

На 24 мај се слави и денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј. 

ФИЛИПЧЕ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ

Границите треба да се отворат на еден синхронизиран начин со соседите, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју на ТВ 24. 

Тој  рече дека кон средината на јуни целосно ќе се отворат македонските граници.

„Во Србија и Босна и Херцеговина изминатите денови има пораст на заразените. Ние разговаравме со Грција, разменивме искуства, каков е таму бројот на пациенти. Има некои отворени прашања кои се многу битни. Прво, дали ќе се бараат тестови кога границите целосно ќе бидат отворени, каков ќе биде третманот ако евентуално некој ќе се разболи таму од Ковид 19. Разговаравме да се олесни практично преминувањето на граничните премини, за да нема многу чекање…го чекаме официјалниот став на Грција во текот на идната недела. Мислам дека е прерано сега да ги отвориме границите“, изјави  Филипче за ТВ24.

Тој додаде дека кога ќе се отворат границите и аеродромите граѓаните ќе можат секаде да патуваат, но притоа ќе мора да се придржуваат кон прописите и протоклите. 

ТЕТОВЕЦ ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Во изминатите 24 часа, се потврдени нови 23 случаи на новиот коронавирус, од кои најмногу се регистрирани во Скопје - 12 случаи во Скопје, по четири нови има во Куманово и во Тетово, два во Прилеп и еден случај во Неготино, информира Министерството за здравство.

Оттаму велат дека денеска во болницата „8-ми Септември“ во Скопје починал 47-годишен пациент од Тетово, кој има и други здравствени заболувања, односно хронии болести. Починал само еден ден откако бил  хоспитализиран, по што му бил направен корона тест кој покажал дека е позитивен.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се примени осум нови пациенти, а моментално се хоспитализирани вкупно 56 пациенти. 

СРБИЈА ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ

Србија од денеска ги отвори своите граници, но за сите патници, според одлуката на владата задолжителен е тестот за корона вирусот кој мора да биде негативен.  Во функција повторно е ставен и меѓународниот аеродром во Белград, „Никола Тесла“.

Српската влада, ваквата одлука ја донесе по препорака на Кризниот епидемиолошки штаб, кој вчера оцени дека во земјата епидемиолошката состојба е стабилна. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Работи во сектор кој не е доволно развиен во земјава, но приказната на ПиКСЕЛ Груп поради тоа е инспиративна до срж.

Профитот на Винер Лајф лани е зголемен за 89 отсто, а добивката на Винер ВИГ Скопје компанијата за неживотно осигурување порасна за 11 отсто. 

Приказните за девалвација на денарот се целосно без основа и според економските индикатори стабилноста на денарот воопшто не е загрозена, се согласуваат двајца поранешни гувернери. 

Претходникот на Анита Ангеловска Бежоска – Димитар Богов и екс гувернерот Љубе Трпески во изјава за Фактор велат дека граѓаните треба да се мирни и дека нема ниту еден параметар кој укажува на пад на вредноста на денарот.

И покрај прилично поволните зимски температури во 2019, историската потрошувачка на природен гас на годишно ниво во Македонија е рекордна, иако национаната гасификација е далеку од завршена. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП