23 Април, 2024
0.0310

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaфулињата почнаа со работа, а короната однесе жртва и меѓу здравствените работници

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

КАФУЛИЊАТА ПОЧНАА СО РАБОТА

Од денеска работат угостителските објекти. Дел од граѓаните долго време го чека моментот да излезат и да се напијат кафе или да јадат во некои од омилените кафилиња или ресторани. 

Има посебен протокол според кој граѓаните може да седат во кафилињата, па еве како се организирал денеска престојот.

ДЕНЕС 38 НОВОЗАРАЗЕНИ

Според последните податоци што ги објави Институтот за јавно здравје, во земјава има нови 38 заразени пациенти, од кои само во Скопје 24.

- Скопје 24
- Куманово 4
- Штип 4
- Тетово 3
- Битола 1
- Неготино 2

Истовремено информираат дека во последните 24 часа починаа тројца пациенти, од кои двајца се од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. 

Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на Ковид-19.

АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ МОЖНИ СЕ РЕСТРИКЦИИ

Министерот за здравство, Венко Филипче, утринава до јавноста упати видео порака во која вели дека по олабавувањето на рестриктивните мерки, се зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на мерките, каква ќе биде понатамошната ситуација со епидемијата во земјава.

-Исправени сме пред два избора - да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба.

Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање, вели Филипче во видео пораката.

ХРВАТСКА, ЦРНА ГОРА И БиХ НЕМА ДА ПРИМААТ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ

Владата на Хрватска најави отворање на своите граници. Но, според изјавата на премиерот Андреј Пленковиќ, во Хрватска ќе може да допатуваат туристи од само 10 земји. На списокот не е и Македонија.

Вели дека согласно промени на состојбата со епидемијата во разни земји, ќе се менува и за сега утврдениот список на држави од каде Хрватска ќе прима туристи.

„Успеавме во првото полувреме да ја победиме епидемијата. Направивме план според кој би ја измениле одлуката за привремена забрана за поминување на граничните премини за државјани од низа земји за туризам. Тоа би се однесувало на Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија“, наведе Пленковиќ.

Инаку, и Црна Гора објави список на земји од каде на туристите ќе им биде дозволено да летуваат од 1 јуни, но сосема исто како и Хрватска, црногорските граници ќе останат затворени за македонските граѓани.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во 2019 година драстично се зголемил бројот на разводи во однос на 2018 година.

Бројот на разводите во 2019 година бележи зголемување од 22.8 отсто во споредба со 2018 година и изнесува 1.990 разведени бракови. 

Полоша од 2019 била само 2010 година кога разводите пораснале за 33.6 отсто.

„Уготур“ е компанија чија дејност е подготовка и дистрибуција на храна за работничката менза на поранешниот гигант – скопската Железарница. 

Ревизорите само го потврдија она што јавноста веќе и го знае, а тоа е дека има многу неправилности во работењето државниот оператор за поштенски сообраќај.

Успеа ли Владата во намерата да ги изедначи домашните со странските инвеститори како што ветуваше кога го доби мандатот. 

Дали вториот бран на пандемијата ќе доведе до крај на човештвото? Не верувам во тоа. 

Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од утре пензионерите ќе можат повторно да се возат бесплатно во градските автобуси.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор