18 Април, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јовески ја суспендираше Русковска, а Муареми се повлече од директорското место во Финансиската полиција

Објавено во: Македонија 16 Август, 2022

Добивај вести на Viber

ЈОВЕСКИ ЈА СУСПЕНДИРАШЕ РУСКОВСКА

Јавниот обвинител во земајва соопшти дека е поведена дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители. 

- Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство - пишува во соопштението на ЈО.

МУАРЕМИ СЕ ПОВЛЕЧЕ

Арафат Муареми повеќе нема да биде на чело на Финансиската полиција. Тој најави дека се повлекува од функцијата, со цел да нема сомнежи во јавноста дека врши притисоци врз обвинители. 

Муареми информира дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител  Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување.

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТИ ЗА ДВЕТЕ БУГАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. 

Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение.

Инаку од мај годинава по поднесена кривична пријава од една политичка партија, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“.

НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ НЕГОТИНО

Поплавени улици, искорнати дрвја, скршени гранки има во Неготино, по невремето кое денеска го зафати градот. 

Има оштетени автомобили, но дојде и до прелевање на шахтите. Имало и оштетувања на покриви. Засега нема информации за поплавени домови и други објекти. Претходно, метеоролозите најавија дека е можно да има невреме, а од утре се очекува топло време. 

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ШТЕДИ

Сите јавни институции се должни да го исклучат декоративното осветлување. Да не се користи осветлување во период кога има доволно светло. Климатизерите не смеат да ладат под 27 степени, а просториите не смеат да се греат на температура над 20 степени во ладните месеци. Ова се дел од мерките кои јавните институции ќе треба да ги применуваат за намалување на потрошувачката на енергија како што најави Министерот за економија Крешник Бектеши.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Бадијала синдикатите со години наназад бараат изедначување на платите на вработените во јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост на ниво на држава. И натаму опстојува состојбата одредени државни служби да бидат многу попривилегирани од другите.

Купување производи на акција, пазарење онаму каде е поевтино, уплаќање на месечни билети за патување наместо дневни, набавка на облека кога завршува сезоната и кога има попусти, се само дел од навиките кои можат да помогнат граѓаните да заштедат во време на инфлација.

Неби Хоџа, претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и еден од основачите на „Технолошки парк Скопје“, вели дека филмските и музички студија чија можна изградба во Скопје претходно ја најави холивудската ѕвезда Џон Малкович, би се граделе кај касарната Илинден.

Деловен простор, производствен комплекс на ул. Сава Ковачевиќ во скопската населба Кисела Вода со површина од 5.618метри квадратни и земјиште од 11.787метри квадранти се продава по цена од 279.203.068 денари.

Патувањата во странство најчесто се поврзуваат со позитивни и пријатни искуства и спомени. Меѓутоа, во секој момент може да нѐ изненадат непредвидени и несакани настани.

Надлежниот скопски основен јавен обвинител му нареди на секторот за компјутерски криминал во МВР да утврди колку пати „Таргет Груп“ влегол во базите на ЦРМ, какви податоци земал, во колкав обем и колкава е нивната вредност. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?