19 Април, 2024
0.0357

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанакиески доби условна, а Груевски затвор од година и пол, во меѓувреме има препукувања околу онлајн учењето

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ИЗРЕЧЕНИ ПРЕСУДИ ЗА „ШАМАРИ ВО ЦЕНТАР“

Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија, е осуден на една година и шест месеци за организација на случајот „Шамари во Центар“, додека за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески има одлука од една година затвор условно доколку во наредните четири години не направи кривично дело.

Кривичниот суд заклучи дека група граѓани ги малтретирале и силно тропале по бараката број 6 и цело време ги отвирале прозорците.и довикувале пред Општина Центар додека се носеле одлуки за урбанистичкиот план.

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел и од поранешното Специјално јавно обвинителство, кое го отвори овој случај, побара максимални казни за обвинетите.

Билјана Чурилова, советничката во општината, се здобила со повреда, а била скршена и влезната врата преку која се стигнува до салата за седници. Оваа состојвбасо закани траела се до пристигнувањето на странските амбасадори, а кај советниците е предизвикана состојба на несигурност.

Од внатре по телефонска врска Димче Крстев, за кого е изречена мерка за безбедност, Александар Трајковски Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски Трајко Пецевски и Мирко Стојчев го известувале Миле Јанакиески за состојбата. Повеќето од нив на денешното рочиште добија условни казни.

СЕ ТЕСТИРА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА

Oд СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски го уништуваше образованието на секое ниво, а денес како опозиција продолжува со деструктивно однесување, кое е спротивно на учениците, наставниците и образовниот процес. 

Социјалдемократите реагираат дека несериозно, неодговорно и крајно незрело е да се напаѓа проект кој сѐ уште официјално не е почнат и сѐ уште се наоѓа во тест-период.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска им порача на родителите на ученици од основно и средно образование дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври.

Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање зошто државата во четвртиот пакет на економски мерки не излезе со конкретна помош за купување на техничка опрема како компјутери и мобилни телефони заради онлајн наставата, таа рече дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.

- За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема,  а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.

ЕДИ РАМА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД МАКЕДОНИЈА И НА ПОТПИША КАКО „УБАВИНИТЕ НА АЛБАНИЈА“

Фотографијата од водопадот во Македонија, веќе е тргната од фан страницата на албанскиот премиер, Еди Рама. 

Од македонската Влада реагирале и побарале да се направи корекција, но и да се даде објаснување. 

Oткако албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“, по што имаше многу реакции, од неговиот Кабинет за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и дека фотографијата по грешка е објавена дека е од Албанија.

Имено, од Кабинетот се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Македонија.

ОСУМ ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Куманово-7, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-6, Велес-4, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-3, Струмица-11, Радовиш-3, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делечево-1, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-2, Ресен-1. 

Во болнички услови се починати 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се обидуваат ли угостителите да надоместат за загубите кои ги претрпеа за време на неработењето поради заштитните мерки за спречување на коронавирусот. 

Официјалните податоци на АСО покажуваат дека осигурителните компании во корона услови веројатно го подобруваат работењето од лани во првото полугодие. 

Надоместоците кои се делеле во некогашното Специјално јавно обвинителство во периодот од 2015 до 2019 година, не биле во согласност со законоте. 

Во фаза на тестирање и денеска е Националната платформа за онлајн настава, па голем дел од корисниците, и родители и ученици, но и самите наставници имаат проблем да се приклучат. На некои им појде од рака да успеат да влезат на платформата преку Microsoft Teams.

За најмногу два месеци или веќе кон средината на ноември банките ќе ги испорачаат картичките на граѓаните кои влегуваат во категориите и им следува домашна платежна картичка на износ од 6.000 денари.

Додека се чека блиц-проектот „Викенд без ДДВ“, повеќето функционери се незаинтересирани да ги скенираат фискалните сметки, но има и такви кои, барем според имињата кои ги затекнавме на „Отворени Финансии“ до сега низ трите циклуси на исплата во 2020 мошне ревносно и посветено си го враќале данокот а на нивните сметки од Управата за јавни приходи редовно добивале по максимално дозволени 1.800 денари.

Книжарниците ширум земјава имаат голем пад во обемот на работа поради пролонгирањето на почетокот на учебната година, поради пандемијата на коронавирусот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?