24 Април, 2024
0.0257

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Историски ден за Македонија, извршена трансплантација на срце од починат донор

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА ПРВ ПАТ Е ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ ОД ПОЧИНАТ ДОНОР

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека е испишана историја затоа што за прв пат во земјава е трансплантирано срце од починат дарител. 

Вели дека ова го прави многу горд, и ова е чин на човекољубие. 

Тој се надева дека ова ќе биде добар пример за во иднина. 

„Здравјето на граѓаните е на прво место“, вели Филипче, и додаде дека тројца лекари ги обединиле знаењата за да се случи оваа интервенција. 

Професор доктор Сашко Јовев вели дека трансплантацијата била круна на кардиохирургијата. 

„Покажавме дека заедно сме појаки и можеме многу. Пациентот е добар, се надеваме дека ќе биде добар“, рече тој. 

Јовев се надева дека ќе имаме што повеќе донори. 

Доцент доктор Маја Мојсова вели дека ова немаше да биде успешно, доколку семејството не ги донирало органите. 

Доктор Жан Митрев изјави дека ова беше неминовно и мораше да се случи. Се заблагодари на Филипче, затоа што ги сплотил, а целта е една, да се лекуваат пациентите.

Во Македонија е извршена првата трансплантација на срце.

Во видеото кое го сподели доктор Кристијан Бундовски може да погледнете како се одвивала операцијата и аплаузот за успешно завршена работа.

Емилија Динева од Дојран е донорот на органите, со кои денес се изврши трансплантација на срце. 

43 – годишната Емилија Динева од Стар Дојран минатата недела направила сообраќајна несреќа со својот нов мопед. Трајно го повредила мозокот и од понеделникот се борела за живот. Но, таа не издржа и синоќа почина.  

Нејзиното срце и бубрезите спасија три човечки животи.

УШТЕ ЕДЕН СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОРОНАВИРУСОТ

За 24 часа направени се 744 тестирања за коронавирус, а регистрирани се 20 нови случаи, од кои 16 се во Скопје, и по два во Куманово и Прилеп.

Од Министерството за здравство информираат дека во болницата „8 септември“ починал 63-годишен пациент од Скопје, примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на Ковид-19, а како позитивен бил потврден  ден подоцна.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 24 оздравени пациенти од кои 4 се од Скопје, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и двајца во Битола.

УТРЕ ПОЧНУВА КАРАНТИНОТ

Скратениот празничен карантин почнува утре во 11 часот и ќе трае се до вторник до 5 часот наутро. 

Вака одлука вчера попладне донесе Владата. 

Граѓаните ќе ги прославуваат Рамазан Бајрам и Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј. 

Денеска движењето за граѓаните ќе биде ограничено како и во работните денови - од 19 до 5 часот наредниот ден.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП