18 Февруари, 2025
0.0398

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Интерпелацијата за Илире Даути помина, за Меџити, Стоилковиќ и Тошковски се отфрлени

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ИЛИРЕ ДАУТИ, ЗА МЕЏИТИ, СТОИЛКОВИЌ, ТОШКОВСКИ  Е ОТФРЛЕНА

Помина интерпелацијата за Илире Даути во Собранието. 

Пратениците попладнево, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути што ја поднесе пратеничката група на Левица.

Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. На седницата не присуствуваа пратениците на СДСМ. Тие си заминаа. 

Со три гласа „за“, 64 гласови „против“ и ниту еден „против“, Собранието не ја прифати интерпелацијата за вицепремиерот, Изет Меџити.

„Вреди“ ја обвини ДУИ дека преку интерпелациите сака да го скрие криминалот и корупцијата на високи партиски функционери. Од ДУИ, пак сметаат дека со помош на Вреди се губат албанските права.

Во Собранието вечерва беше разгледана интерпелацијата за Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за Односи меѓу заедниците.

Интерпелацијата не беше прифатена, бидејќи само 7 пратеници гласаа „за“, а 52 беа против.

Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не помина. 

ВИДЕОТО СО АХМЕТИ ВО 2001 Е ИЗБРИШАНО

Воинственото видео со стари снимки од 2001 година од претседателот на ДУИ,  Али Ахмети во униформа на УЧК, кое членови и функционери  вчера масовно го споделуваа на социјалните мрежи, денеска е избришано.

На видеото се слушаат воинствени песни за ОНА и за командантот Ахмети, како и негово обраќање во кое порачува дека никогаш не изгубил војна.

ПИРОМАН ПОДМЕТНАЛ ПОЖАР ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Полицијата уапси пироман кој го подметнал пожарот кој сега го пустоши Лос Анџелес. 

Едно лице сега е уапсено во врска со пожарот што избувна вчера, јавува Њујорк Пост. Полицијата отвори истрага за подметнување пожар. Осомничениот наводно е бездомник.

Претставници на полицискиот оддел во Лос Анџелес го потврдија апсењето. Можните мотиви не се објавени.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во зимскиот период, зголемената застапеност на одредени вируси претставува значителен предизвик за јавното здравје. Покрај типичните зимски респираторни вируси како грипот, COVID-19 и респираторниот синцицијален вирус (RSV), во последно време се забележува пораст на инфекции предизвикани од човечкиот метапневмовирус (HMPV), птичјиот грип (H5N1) и норовирусот.

Многу македонски граѓани граделе големи куќи со цел да имаат доволно простор за нивните деца и внуци, а тој имот денес е празен, затоа што младите се иселуваат во странство во потрага по подобар живот.

Трговската размена со Бугарија никогаш не била подобра. Во услови на крајно заладени политички односи диктирани од историски недоразбирања, економијата е одлична појдовна точка за политичарите од двете земји да ги приближат ставовите.

„Скопски пазар“, компанијата која од неодамна е најголем поединечен акционер во „Македонијатурист“ сака да ги отповика претходните членови на Надзорниот одбор на ова хотелиерско акционерско друштво, меѓу кои и некогашниот долгогодишен директор Доне Таневски, кој ги продаде сите свои акции и излезе од сопственичката структура. 

Иако одамна беше кажано дека мазут нема да се користи за грејната сезона во Скопје и беше забранет од претходната власт, ЕСМ сега купува 11 илјади тони од овој високозагадувачки енергенс за двете топлани што треба да трае и до 15 дена. 

Колку мејнстримот од домашната економија е контролиран од странски капитал, а колку од домашен. Токму анализа на Македонскиот берзански индекс МБИ10, каде што е всушност сконцентриран „кремот“ од македонскиот бизнис и банкарски сектор, покажува кои од компаниите имаат доминантно домашен, а кои главно странски капитал.

Воздухопловците годинава ќе го прошират „семејството“, ама ќе добијат и покачување на платите. Најновиот годишен план за работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство покажува дека се планира раст и на приходите и на расходите во тековната 2025 година. Имено, согласно планот во нивната каса треба да влезат 5,9 милиони евра, што е зголемување за 31,1 процент.


Можеби ќе ве интересира

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово

ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“