ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хаосот со превозот во Скопје продолжува, а Онишченко ќе остане без македонското државјанство

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022
ПРОДОЛЖУВА ХАОСОТ СО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ
Од Град Скопје велат дека јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи.
Во случајов, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје. Велат дека основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните.
„Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, поефтина, сигурна и стандардизирана услуга. Што се однесува до јавниот повик, истиот ќе биде објавен утре, а се однесува на линиите од кој градот Скопје има потреба - тоа се линиите со бр. 20 и бр. 22. Единствена разлика е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна. Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници“, реагираа од Град Скопје.ОНИШЧЕНКО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ МАКЕДОНСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО
Владата извести дека на денешната седница одлучи да се поништи одлуката да му се додели македонски пасош на контроверзниот Украинец, Олександр Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД.
Одлуката е донесена на основа на можноста што ја дава Законот за државјанство на кој се повикува Владата.
„Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница“, се вели во соопштението.СИРЕНИ ОДЕКНАА ВО СЕВЕРНО КОСОВО
Српскиот претседател Александар Вучиќ за денешните тензии на Косово, вели добро е што нема жртви.
Тој од Тирана изјави дека е запознаен со последните случувања на Косово и додаде дека тоа е спротивно на Договорот од Брисел, објавија српските медиуми.
„Не ми е јасно зошто сакаат да прават тензии секоја недела. Не ни претстои лесен период. Остануваме заедно со нашите луѓе во КиМ, но исто така е важно да се обидеме да се договориме за се што е можно со Албанците, да го зачуваме мирот. Се надевам дека Мирослав Лајчак денеска ќе ја има својата улога како и досега“, изјави Вучиќ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Тројца нови стратешки инвеститори се прогласени деновиве во земјава од Владата, а одлуките за нив се веќе влезени во сила на крајот на минатиот месец.
Можеби ќе ве интересира
ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: ТЕПАЧОТ КОЈ Е ВО БЕГСТВО ИМА БУГАРСКИ ПАСОШ - тој и натепаниот Пендиков имаат бугарски национални чувства
НАЈСКАПИОТ СТАН ВО СРБИЈА ПРОДАДЕН ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - најнов извештај на пазарот на недвижности, цената на квадратот лани пораснала за 13,7 отсто

ДАЛИ ТУПАНЧЕВСКИ Е ПРВА „ЖРТВА“ НА СЕ ПОИЗВЕСНИОТ ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ВО ВЛАДА - неофицијално, СДСМ го дале ресорот правда на Алијанса

ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ ВО СРБИЈА - паразит кој метастазира во телото и личи на канцерогено тело, еве за каква болест станува збор

ТРИ ПАТИ МЕРИ, ЕДНАШ СЕЧИ - Владата се огласи за средбата Ковачевски - Таравари, работните состаноци продолжуваат

ТАСЕВА: РЕЗУЛТАТОТ Е ЗАГРИЖУВАЧКИ, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЗМОТ ВО СКОПЈЕ: Лубомир Ќучуков очекува засилување на тензиите меѓу Македонија и Бугарија
Спасовски до Пандов: Постои полиција за чување на гробот на Гоце Делчев

ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ: Еве со кои високи функционери денес има средби
