16 Април, 2024
0.0270

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа заболените и луѓето во самоизолација, а денес има 88 нови инфицирани

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕСКА СЕ ГЛАСАШЕ

340 луѓе кои се во самоизолација гласаа денеска до 15 часот. 

Започна тридневното гласање за десеттите по ред парламентарни избори кое ќе заврши во среда. 

Први кои денеска го остваруваат своето право на глас се болните од Ковид-19 и граѓаните што се наоѓаат во самоизолација. 

Утре ќе гласаат над 8.800 болни и немоќни. 

НОВИ 88 ЗАРАЗЕНИ ЗА 24 ЧАСА

Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во, напиша министерот Венко Филипче.

-Скопје 30
-Куманово 8
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Струга 11
-Велес 1
-Битола 1
-Охрид 2
-Кавадарци 1
-Гостивар 1
-Пробиштип 1
-Кратово 1
-Свети Николе 1
-Кичево 8

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од:

-Скопје 70
-Штип 6
-Прилеп 4
-Тетово 31
-Велес 3
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Кичево 1
-Ресен 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Стапката на заразени денеска се симна под 10, и таа изнесува 9,4 проценти, или конкретно, 9,37 отсто. 

AНГЕЛА ДОБИ 19 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА ПИНО

Ангела Ѓорѓиевска доби 19 години затворска казна за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо - Пино, кој беше убиен под контроверзни услови и неговото тело беше пронајдено дури по реакцијата на неговата мајка и притисокот од јавноста.

Судот второобвинетата ја прогласи за виновна затоа што помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан, кој е во бегство. 

УТВРДЕНО КАКО ЌЕ РАБОТАТ КАФУЛИЊАТА, БАЗЕНИТЕ, ПЛАЖИТЕ

Веќе нема да има ограничувања за угостителските објекти. 

На 76- та седница, Владата донесе одлука со која се укина одредбата од протоколот за работа на кафулиња и ресторани на една маса да седат двајца, или четворица само ако се во роднинска врска. 

На  76-та седница на Владата донесени се протоколите за работата на базените и плажите. 

Владата на денешната 76-та седница ги усвои протоколите што ги предложи Комисијата за заразни болести. 

„Согласно Протоколот за работата на плажите во тек на пандемија со КОВИД-19, освен задолжителното почитување на основните превентивни мерки за носење лична заштитна опрема на лицето, за физичка дистанца од 1,5 - 2 метри, често миење на рацете со вода и сапун, и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, задолжително е точното и видливо информирање на посетителите со информативно - едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување, како и со гласовно информирање за придржување кон препораките“, информираат од Владата.

Препораките опфаќаат правила за однесување на плажите кои се однесуваат на сите вработени лица и посетителите за лична заштитна опрема на лицето која што ги покрива пределот на носот и устата, достапни и видливи места за средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.

ВО КОСОВО САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ

Македонските граѓани во Косово ќе можат да патуваат со негативен корона тест. 

Граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора од утре ќе треба да достават негативен ПЦР-тест, и тоа само доколку имаат дозвола за престој или имаат закажано лекување на Косово, објавија косовските медиуми.

Косовската влада ќе бара од граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во селото Стојаково во Општина Богданци од година во година има сѐ поголем број на штркови гнезда и тоа ги привлекуваше туристите од Србија кои обично патуваа кон Грција пред да земe замав корона кризата.

Изборната кампања помина во многу негативна атмосфера, со постојани ниски удари, како и рекордно објавување на нелегални и прислушувани разговори. 

“ДЕНЕС РОМИТЕ СЕ ЖРТВИ НА ЛЕВИЈАТАН, УТРЕ ЌЕ СЕ НАЈДЕ НЕКОЈА ДРУГА ЖРТВА, А ПОТОА ОПШТЕСТВОТО И ДРЖАВАТА ЌЕ СТАНАТ ЖРТВИ. ДА НЕ ОДАМ ПРЕДАЛЕКУ ПОТСЕТУВАЈЌИ КАКО НАЦИСТИТЕ И ХИТЛЕР ПОЧНАА, СПОМЕНУВАЈЌИ ДЕКА ТАКА САЛВИНИ ЗАПОЧНА ВО ИТАЛИЈА”

„Макошпед“ плати 860.000 евра за да купи фирма која нема никаков бизнис освен тоа што поседува речиси 7 отсто од акциите во „Фершпед“. 

Епидемијата на корона вирусот во земјава не стивнува. Само за последните три дена во земјава се регистрирани 540 новозараени граѓани со Ковид-19, додека 409 болнички кревети се зафатени со болни пациенти на кои им е неопходна хоспитализација. 

Кризата која ја предизвика пандемијата на Кoвид-19 се одрази и на работaта на финансиските друштва – тие кои на граѓаните им даваат кредити за покривање на секојдневните итни потреби или таканаречените „брзи“ кредити.

Откако во изминатово деноноќие се случи да починат исто така двајца млади пациенти, на возраст од 42 и 46 години, Фактор се интересираше која е причината за тоа, односно дали овие болни имале и други коморбидитети, што било причина за тие да не можат да се изборат со компликациите од вирусот.

Повеќе од 50 вработени во пет штипски конфекции се позитивни на корона вирусот. Постои нова опасност Ковид-19 да се рашири меѓу работниците, бидејќи станува збор за околу 1000 луѓе од петте фабрики.

Угостителски објект - пицерија е отворен викендов на Голден бич во Охрид на кој присуствувале доста гости, а пеела позната македонска пеачка.

Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница