20 Април, 2024
0.0336

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дрвокрадци претепале полицајци, суспендирани полициските службеници кои претепаа човек во Битола

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВО ВЕЛЕШКО ДРВОКРАДЦИ ПРЕТЕПАА ПОЛИЦАЈЦИ

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, рече дека дрвокрадците биле во голем број и мавале со дрва и камења и со се друго што имале во рака по петмината полицајци кои синоќа беа нападнати кај велешкото село Степанци

Двајца од полицајците биле тешко повредени, од кои едниот бил посетен од Спасовски и имал фрактура на черепот, на коските од лицето и подлактицата, но бил во контактибилна состојба, рече Спасовски. Тој потврди дека се работи за голем број на дрвократци од ромска националност кои живееле во Прилеп и околината.

- Напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело. Имаме приведени 4 лица. Идентификувавме уште 10-мина. Продолжуваме со претреси и дополнителни активности. Овие лица кои удрија врз полицајците ќе одговараат. Очекувам и реакција од Обвинителството, рече Спасовски.

Министерот се пожали на се позачестени напади на полициски службеници и дека кога ја проверил статистиката констатирал дека никој до сега не бил притворен или брзо санкциониран за напад на полицаец.

Полицискиот службеник кој најтешко беше повреден во синоќешниот инцидент со дрвокрадци е во стабилна состојба и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

ОСУДИ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО БИТОЛА

Невладината организација „Аваја“, ги повика протест припадниците на ромската заедница и невладините организации, за да не се повторат сликите како оние во Битола.

Вчера во јавноста излегоа слики и видео на кое полициски службеници тепаат граѓанин, а од полицијата соопштија дека е утврден нивниот идентитет. 

Денеска има низа реакции за тоа, а веќе со осуда с еогласија и премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Нашата осуда е искрена и силна. Драго ни е што Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР ги идентификува сторителите согласно видеото и очекуваме брза и одлучна акција во насока на санкционирање на овој случај. Мислам дека ниту говорот на омраза, ниту насилството кон кој било граѓанин, не може да се оправда. Напротив треба да се осуди и да се санкционира и сигурен сум дека системски ќе реагираме за тоа да не се повтори. Случајот е во рацете на МВР и понатаму на Обвинителството и другите институции, изјави Маричиќ, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

Претходно, бруталноста на полициските службеници врз Роми, што беше објавена на видео на социјалните мрежи, ја осуди и премиерот Зоран Заев.

143 ЗАРАЗЕНИ И 9 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-16, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-2, Велес-3, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-6, Гевгелија-4, Струмица-11, Радовиш-1, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-1, Валандово-3, Виница-2, Делчево-3, Свети Николе-5, Кичево-2 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-14, Прилеп-11, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-3, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-3.

Во болнички услови се починати 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во текот на следнава недела здравствените власти најавија дека ќе ја објават анализата за високата смртност од корона вирусот во Македонија.

Од близу 40 илјади новорегистрирани невработени лица во периодот од февруари заклучно со август годинава, 12.580 граѓани се останати без работа поради ковид кризата.

Владата и додели на компанијата ВИК (WIK) Македонија државна помош од 2,5 милиони евра за да го поддржи на таков начин вториот инвестициски циклус на компанијата во технолошко-индустрискаста развојна зона во Прилеп.

Државниот долг изразен во државни записи и обврзници (заемите од домашните деловни банки, институционални инвеститори и физички лица н.з.) на 17 септември достигна нова највисока вредност.

Просечната бруто-плата во Јавното претпријатие за државни патишта за една година се зголемила за 4.700 денари а бројот на работници останал ист. Ова е далеку повеќе од темпото по кое се зголемувала просечната бруто-плата во земјата во 2019, објави независниот ревизор за минатата година.

Во фаза на финализација се кадровските решенија за директорските места во државните институции. Од двете партии во владината коалиција официјално не соопштуваат во која институција која партија ќе има свој директор, но во јавноста веќе има неофицијални информации за поделбата, а се вртат и имињата за можните кандидати за директорските столчиња.

Во јавноста веќе на големо се зборува дека веќе од средината на октомври можно е да се намали работното време на кафулињата до 21.00 часот, но од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека рестриктивните мерки ќе бидат активирани само доколку е потребно, односно ако епидемиолошката состојба се влоши уште повеќе.

Оваа 2020 година ќе помине со многу мал број на склучени бракови.

Поради пандемијата на коронавирусот, драстично е намален бројот на нови брачни заедници.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите