11 Август, 2020
0.0341

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес повеќе оздравени од заразени, наесен можно е да се користат и студентските домови

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Јули, 2020

ЗА 24 ЧАСА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Денеска во земјава се регистрирани 78 новозаразени со корона вирусот, првпат под доолг период нивниот број е многу помал од оздравените лица. 

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.  Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се  5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 3422, активни 1960

•       Куманово 801, активни 194

•       Дебар 110, активни 58

•       Штип 390, активни 157

•       Прилеп 281, активни 51

•       Тетово 775, активни 391

•       Струга 268, активни 169

•       Велес 196, активни 42

•       Битола 62, активни 23

•       Охрид 205, активни 176

•       Кавадарци 21, активни 15

•       Гостивар 161, активни 93

•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

•       Струмица 17, активни 9

•       Крива Паланка 17, активни 11

•       Радовиш 4, активни 0

•       Крушево 7, активни 3

•       Кочани 75, активни 22

•       Пробиштип 29, активни 18

•       Демир Хисар 2, активни 1

•       Македонски Брод 6, активни 4

•       Пехчево 6, активни 3

•       Берово 3, активни 0

•       Валандово 6, активни 2

•       Виница 4, активни 1

•       Делчево 1, активни 0

•       Кратово 5, активни 2

•       Свети Николе 47, активни 42

•       Кичево 48, активни 39

•       Ресен 122, активни 85

•       Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

МОЖНО Е СТУДЕНТСКИТЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИ

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска уште еднаш повтори дека останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и посилно ќе се шири, луѓето нема да може да бидат надвор, ќе бидат повеќе во затворени простории, па во таа насока интензивно работат на подготовка на капацитетите за тој период.

-Според сите анализи и предвидувања останува претпоставката дека наесен побрзо и посилно ќе се шири вирусот поради тоа што луѓето ќе бидат повеќе во затворени простории и нема да бидат надвор. Раговарав со директори на болници и други институции за да се направи план за искористување на капацитетите. Меѓу нив, можно е да се користат студентските домови во Охрид и во Битола каде може да се сместуваат пациенти“, вели Филипче 

Наскоро ќе биде готов целосниот план за користење на капацитетите и планот за ротација на медицински персонал за справување со вирусот во есенските месеци. 

БУБЕВСКИ ПОЗИТИВЕН, ФЕТАИ ОДИ ВО ИЗОЛАЦИЈА

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од поранешното специјално обвинителство во следните 14 дена ќе биде во самоизолација откако нејзиниот колега обвинителот Гаврил Бубевски бил позитивен на коронавирусот. Оваа ситуација го одложи утрешното рочиште за случајот Монструм односно убиството кај Смилковско езеро. Фетаи нема да присуствува нити на судењето кое беше закажано за 9 јули а кое се однесува за „Насилството во Центар“. Фетаи за Фактор вели дека се чувствува добро и дека нема симптоми исто како што немал и Бубевски.

„ Со колегата работиме заедно и заедно одиме на судења каде седиме еден до друг. Секако ги почитуваме препораките, но според епидемиолошката анкета јас мора да сум дома во самоизолација, вели Фетаи за Фактор.

Последното рочиште за случајот се одржа во петокот, кога сведочеше веќе пензиониран инспектор од МВР, кој со колегата го пронашле автомобилот во кој избегаа убијците од масакрот кај Смилковско Езеро.

ПОВТОРНО НОВИ „БОМБИ“

На Јутуб каналот „Обнова на режимот“ повторно се објавија аудио-разговори за кои се тврди дека гласовите се на Игор Јанушев, актуелен носител на пратеничката листа во изборната единица три и на екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. 

Се работи за пет разговори кои се именувани како „Јанушев 4 чартер летови за ДПМНЕ“, „Резервирајте ако треба и празен нека биде“, „Јанушев и Миле 190 илјади евра Бетон да плати“, „Цени да ги вратат недела попладне“, „Уништување документи Игор Јанушев“.

Според комуникацијата, може да се заклучи дека се разговара за организирање на летови, а се споменува и сума од 190.000 евра. Се споменува италијанскиот град Тревизо, а индициите се дека се работи за наводно носење на гласачи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Повеќе од 3.000 луѓе лани, и најмалку 1.000 оваа година поднеле барање во Министерството за внатрешни работи за промена на личното име.

Пандемијата на корона вирусот во првите редови ги мобилизираше сите здравствени работници, лекари, медицински сестри, помошен кадар. 

Дел од нив се пред пензионирање, дел веќе го остварија тоа право уште пред некој месец, но кризната ситуација едноставно не дозволува да го напуштат своето работно место, засега, барем до истекот на 2020 година.

Корона кризата покажа колку здравствените капацитети се значајни за една држава. Во услови кога епидемијата на КОВИД-19 во земјава не попушта, болниците во главниот град, но и во внатрешноста на земјава, се буквално преполни. 

Во ГОБ „8 Септември“ остануваат само 11 анестезиолози, откако двајца во петокот поднеле оставки. 

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година.

Можеби ќе ве интересира

Нови избори нема да ги решат работите, ќе ги повториме резултатите, вели Заев

Нови избори нема да ги решат работите, ќе ги повториме резултатите, вели Заев

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема договор меѓу Заев и Ахмети, а денес имаме 422 оздравени пациенти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема договор меѓу Заев и Ахмети, а денес имаме 422 оздравени пациенти

Разговорите продолжуваат, изјави Заев по средбата со Ахмети

Разговорите продолжуваат, изјави Заев по средбата со Ахмети

MИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Денес 422 оздравени пациенти, 109 нови и една жртва

MИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Денес 422 оздравени пациенти, 109 нови и една жртва

КОЛЕВ: Жалам, но во Куба нема да можат да го прочитаат „другарот” Апасиев!

КОЛЕВ: Жалам, но во Куба нема да можат да го прочитаат „другарот” Апасиев!

Се обеси затвореник во Идризово

Се обеси затвореник во Идризово

ДЕЦАТА ДО 10 ГОДИНИ ВО ШКОЛО, ПОГОЛЕМИТЕ ПРЕД КОМПЈУТЕР: Ова е еден од моделите, но нема заклучоци од денешниот состанок

ДЕЦАТА ДО 10 ГОДИНИ ВО ШКОЛО, ПОГОЛЕМИТЕ ПРЕД КОМПЈУТЕР: Ова е еден од моделите, но нема заклучоци од денешниот состанок

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Македонија се сеќава на осуммината загинати резервисти кај Љуботенски бачила

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Македонија се сеќава на осуммината загинати резервисти кај Љуботенски бачила

МВР: Се менуваат униформите по една година од Законот за јазиците

МВР: Се менуваат униформите по една година од Законот за јазиците