14 Јули, 2020
0.0215

ФАКТОР НА ДЕНOT: Денес 120 нови заразени, стартува полицискиот час

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Јуни, 2020

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 120 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

И вчера сме имале 120 новозаболени од коронавирусот, се гледа од податоците на Институтот за јавно здравје, кои се објавени денеска.

Како што е познато, официјалната бројка која ја соопштија вчера здравствените власти, беше дека бројот на заболените во текот на вчерашниот ден бил 101 новозаболен. 

Дали овие нови 19 заболени се добиени потоа и се ставени во официјалниот извештај на Институтот за јавно здравје, или, пак, тие се префрлени за денешниот ден, не е познато. 

Инаку, МЗ соопшти дека денеска имаме 120 новозаболени од коронавирусот во земјава, што е всушност рекорден број на новозаболени откако изби епидемијата во земјава. 

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Од новозаболените дури 67 се од Скопје, од Куманово се 19, а во Штип има 16 новозаболени. во Прилеп 4, а во Тетово - 9.  Регистрирани се и двајца починати.

Куманово денеска и наредниот период ќе остане без контролата од Државниот пазарен инспекторат.

Ова денеска го потврди Стојко Пауновски, директорот на ДПИ, откако инспекциски надзорник пријавил дека е позитивен на Ковид-19.

ОД ВЕЧЕРВА СЕ ВРАЌА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Вечерва во 21 часот почнува 80 часовниот карантин за Скопје, Куманово, Тетово и Штип.

Враќањето на рестрикциите следуваат по зголемувањето на новодијагностицираните пациенти со коронавирусот. 

Владата вчера донесе одлука за полициски час, целосна забрана за Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро.

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. 

Петок, сабота и недела во другите градови има забрана за движење од 16 часот до 5 часот следниот ден. 

Денеска низ скопските маркети и продавници тешко може да се најде леб, а може да се каже дека речиси станува збор за невозможна мисија. 

ОТФРЛЕНА КРИВИЧНАТА ПРОТИВ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ

Кумановскиот градоначалник максим Димитриевски не е виновен, Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против него.

Оттаму велат дека по сеопфатно проучување на наводите во кривичната пријава поднесена од СВР-Куманово против градоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, а за сторено кривично дело - Непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Куманово донело Решение за отфрлање на кривичната пријава поради тоа што не се утврдени елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност.

Кривичната пријава во обвинителството беше поднесена на 24 април 2020 година против две лица, со наводи дека лицата за време на епидемија на опасната заразна болест постапиле спротивно на здравствените прописи, на начин што откако претходно биле тестирани и им било дијагностицирано присуство на вирусот COVID-19, по што добиле и Решенија за задолжително домашно лекување и изолација, се упатиле на тестирање во Скопје во три приватни лабаратории – иако не смееле да го напуштаат просторот каде биле сместени.

Градоначалникот на Куманово ја добил официјално веста дека против него е отфрлена кривичната пријава. 

„Сега добив информација од сајтот на Јавното обвинителство дека кривичната пријава против мене и членот на ОШЗС г-дин Стојановски е ОТФРЛЕНА. Верував и сеуште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот. Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина“, пишува на фејсбук Димитриевски.

Тој вели дека ќе ги преземе сите активности предвидени со закон да се лоцираат одговорните лица во постапката, кои, како што нагласува, од нив познати мотиви ги злоупотребиле сопствените службени овластувања и креирале случај за наводно сторено кривично дело, кое имало за цел јавно да го девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Занаетчиите продолжија со работа, но покачување на цените на занаетчиските производи и услуги  нема, вели Анета Атанасовска, од Комора на занаетчии Скопје.

Не седнале на заедничка маса поради корона вирусот, но му ги поставиле сите значајни прашања околу новиот Закон за стратешки инвестициски проекти, како и другите битни дилеми за нивното работење, пред се околу владините мерки за помош на стопанството. 

Кризата во економијата има последици и врз осигурувањето, но осигурителниот сектор во земјава останува стабилен. 

Христина Џамбазовска Анастасов, Директор на Сектор за управување со деловни процеси во „Кроација Осигурување - Неживот“ во разговор за Фактор вели дека нивната компанија успеала во време на криза да отвори и нови работни места.

Само за три месеци поради корона кризата во земјава останале без работа над 15 илјади граѓани од земјава.

Ова го покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за вработување.

Можеби ќе ве интересира

Се поставува монтажно-амбулантскиoт оддел на Клиниката за пулмологија

Се поставува монтажно-амбулантскиoт оддел на Клиниката за пулмологија

Втор ден избори во Македонија: Вчера првите 723 го дадоа својот глас

Втор ден избори во Македонија: Вчера првите 723 го дадоа својот глас

Претседателот на СДСМ-Торонто вели дека полиција му упаднала во неговиот дом за да го апси

Претседателот на СДСМ-Торонто вели дека полиција му упаднала во неговиот дом за да го апси

МОНТАЖНИ БОЛНИЦИ, ОТВОРАЊЕ ЛАБОРАТОРИИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: Регионалните Ковид центри за растоварување на здравствениот систем

МОНТАЖНИ БОЛНИЦИ, ОТВОРАЊЕ ЛАБОРАТОРИИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: Регионалните Ковид центри за растоварување на здравствениот систем

ЕКСКЛУЗИВНО Лордан Зафрановиќ: Залудно врескавме против злото, луѓето не слушале

ЕКСКЛУЗИВНО Лордан Зафрановиќ: Залудно врескавме против злото, луѓето не слушале

Гласале 723 лица заболени од коронавирус и во самоизолација

Гласале 723 лица заболени од коронавирус и во самоизолација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа заболените и луѓето во самоизолација, а денес има 88 нови инфицирани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа заболените и луѓето во самоизолација, а денес има 88 нови инфицирани

До 15 часот гласаа 340 луѓе кои се во самоизолација

До 15 часот гласаа 340 луѓе кои се во самоизолација

Директорот на ЗОО приведен поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Директорот на ЗОО приведен поради објава на Фејсбук да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче