25 Април, 2024
0.0782

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Демарш од Бугарија, но и осуди за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

ДЕМАРШ ОД БУГАРИЈА ОТКАКО ВО ВЕВЧАНИ Е ЗАПАЛЕНО БУГАРСКО ЗНАМЕ

Остар вербален демарш доставил до македонското Министерство за надворешни работи, бугарскиот амбасадор во земјата Ангел Ангелов. Тоа го сторил на барање на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева која самата синоќа ја сподели информацијата. Повод за демаршот се информациите дека наводно било запалено бугарското знаме во Вевчани, завчера, кога полицијата успеа да растури собир под маски оранизиран како замена на традиционалниот Вевчански карневал.

„По повод медиумските публикации за изгорено бугарско знаме во селото Вевчани, во Република Северна Македонија, му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов да и го изрази на Владата на РСМ нашето силно огорчување од овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе направи остар усмен демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ, напиша Захариева на фејсбук.

ОСУДИ И ВО ЗЕМЈАВА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ЗНАМЕТО

Првиот човек на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски денеска го осуди  палењето на бугарското знаме  на Вевчанскиот карневал.

Вели дека овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население. 

„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции“, соопшти градоначалникот.

Вели дека Општина Вевчани и вевчанци и во минатото веднаш ги осудувале палењата на знамиња и на други држави. 

Надлежните органи во земјава денеска со реакција, по инцидентот во Вевчани со палењето на бугарското знаме.

Основното јавно обвинителство Струга отворило предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Бугарија.

„Предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик“, соопшти обвинителството.

Јавен обвинител издал наредби до СВР Струга со цел утврдување на идентитетот на сторителот, како и идентификација на други присутни на настанот.

Шефот на државата, Стево Пендаровски денеска на својот профил на Фејсбук изрази силна осуда за палењето на бугарското знаме на вчерашниот последен ден на карневалот во вевчани. Знамето го запалија учесниците во карневалот заедно со останатите маски.

СПАСОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВЕВЧАНЦИ САКАЛЕ ВНИМАНИЕ

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, во утринската емисија како гостин на македонската национална телевизија рече дека вевчанци на својот василичарски карневал сакале да направат политички инцидент.

„Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа. Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност. Апелирам да ги почитуваме мерките и на тој начин да му помогнеме на здравствениот систем и да им помогнеме на медицинските работници. Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките“, рече Спасовски на МТВ коментирајќи го растурањето на карневалот.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 10 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-165, Куманово-30, Дебар-9, Штип-4, Прилеп-10, Тетово-14, Струга-11, Велес-25, Битола-10, Охрид-19, Кавадарци-22, Гостивар-11, Гевгелија-8, Струмица-13, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-14, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-3, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 339 оздравени пациенти од: Скопје-106, Куманово-22, Дебар-14, Штип-14, Прилеп-28, Тетово-10, Велес-13, Битола-15,  Кавадарци-24, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-1, Виница-6, Свети Николе-1,  Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.

Починати се 10 лица, два пациенти од Скопје (54 и 90г.), еден од Куманово (73г.), два пациенти од Прилеп (59 и 56г.), еден од Охрид (72г.), пациент од ПЕ Гевгелија/Богданци (76г.), од Струмица (71г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (74г.) и еден пациент од Кичево (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

АПАСИЕВ ВЕЛИ ДЕКА ВЕЌЕ ИМА ДОГОВОР ЗА ПОПИСОТ И ЗА ТОА КОЛКАВ ПРОЦЕНТ НА АЛБАНЦИ ИМА

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, смета дека застапеноста на етничката заедница на Албанците во Македонија на пописот на населението што ќе се организира во април ќе изнесува 28,5 отсто.

„Процентот на резултатите од ПОПИСОТ е договорен уште при формирањето на Владата на СДС + ДУИ. Ако ве копка, еве да ви кажам: најголемото малцинство ќе биде 28,5% (иако во реалноста резиденти се околу 18%). Ова сега е само фалсификување на реалноста, со цел таа да се наштима на коалицискиот договор. Со "државници" ко Заев, за жал, демакедонизацијата е процес кој е во тек“, напиша пратеникот на Фејсбук.

Во моментов опозицијата се заканува дека нема да го признае и дека нема да го почитува пописот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Се уште не е донесен законот за задолжително пензионирање на вработените во јавниот сектор заклучно со 62 години за жени и 64 години за мажи.

Овој јануари има врнежи од дожд над просекот, велат од секторот хидрологија во Управата за хидрометеоролошки работи.

Дечињата кои имаат шест и повеќе години и имаат попреченост во развојот, конечно ќе можат да ја добијат услугата лична асистенција од државата, односно да користат лични асистенти на државна сметка.

„Пејпер Мил“ за две години (2018 и 2019) направил загуба поголема од еден милион евра на приходи од 9,5 милиони евра.

Божиновски часовници и накит постои 25 години. Брендот е докажан и секако е синоним за успех и квалитет. Првата помисла можеби е луксуз, но Божиновски е впрочем начин на живот, убаво живеење, стил и искуства кои инспирираат. Секако и исклучителна грижа за сите вработени – за тоа има и факти.

УНИБанка ја заврши годината со рекордна нето добивка и солиден, двоцифрен раст на капиталот. Во време кога работите доста се променија, поради пандемијата, со реорганизација банката станала и поефикасна и посилна.

Можеби ќе ве интересира

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш