28 Март, 2024
0.0284

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Даночни реформи ќе треба да обезбедат 54 милиони евра, Бесими даде детали

Објавено во: Македонија 08 Август, 2022

Добивај вести на Viber

БЕСИМИ ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДАНОЧНИТЕ РЕФОРМИ

Министерот за финансии Фатмир Бесими на денешниот брифинг ги презентираше даночните реформи преку кои треба да се соберат 54 милиони евра, а да стапат на сила од 1 јануари 2023.

Ќе се воведе данок за реинвестирана добивка кај компаниите која досега не се оданочуваше. Нема повеќе да има поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд. 

Ќе се намали основата за даночни олеснувања за вложување во спортот. Ќе се укинат и преференциите кај премиите за животно осигурување. 

Ќе се оданочува и капиталната добивка од продажба на акции како и каматите од орочените депозити во банките. Ќе се оданочуваат и менаџерските немонетарни бенефити.

За социјалните придонеси ќе се укине највисоката месечна пресметка. Ќе се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување за договори за дело.

Бесими најави новини и кај ДДВ и додаде дека за ставките од реформите попрецизно ќе се дебатира во следниот период.

Потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ Александар Николоски вели дека иако се подотвора вратата за зголемување на даноците, ВМРО-ДПМНЕ е против. 

Вели дека партијата е за ниски даноци и не само што е против зголемување, туку треба да има кратење на постојните даноци. 

СЕ НАВРШИЈА 21 ГОДИНА ОД МАСАКРОТ КАЈ КАРПАЛАК

Денеска се наврши 21 година од масакрот кај месноста Карпалак. 

Ердован Шабаноски е роден на 24 октомври 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак.

СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ПАЛЕЊЕТО НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

Пејачот Ламбе Алабаковски неодамна ја запали вратата од бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а сега се појави и снимка од целиот инцидентот, oбјави 4news.

Тој пристигнал со велосипед во близина на бугарскиот клуб, по што ја запалил вратата од клубот. 

MУАРЕМИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРОТИВ ОБВИНИТЕЛКИТЕ

Aрафат Мауреми од Финансиската полиција поднесе кривични пријави против шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, како и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.  Кривичната пријава е поднесена во скопското обвинителство, но засега детали нема. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ГТЦ е еден од симболите на Скопје и за многумина има трајна и урбана вредност. Затоа и го гушкаа и гордо кажуваа дека го одбраниле од барокната „инфекција“. И тука нема дилема дека е така.

За тоа колку се значајни најголемите стотина компании за целиот економски амбиент во Македонија, сам за себе и повеќе од доволно, говори фактот што нивниот вкупен приход лани надминал 10,7 милијарди евра! 

Министерот за финансии Фатмир Бесими нема прецизен одговор дали од 1 јануари на сила ќе стапи одложениот прогресивен данок. Вели дека за тоа ќе се дебатира со релевантните фактори и дека е можно секое решение за кое ќе има претходен договор.

Се поскапо станува задолжувањето на државата на домашниот пазар. Најновите државни обврзници кои се издадени пред неколку дена се веќе по каматни стапки од 4,2 отсто и 4 проценти, што е веќе на некој начин приближно со каматните стапки по кои комерцијалните банки ги кредитираат граѓаните и компаниите. 

Пикот на ковид-19 е дефинитивно зад нас, бидејќи нивото од 870 нови случаи дневно, што беше поставено како праг за одржување на надолниот тренд минатата недела, не беше пробиено во четвртокот и петокот, оценува професорот од Техничкиот Факултет во Битола, Дејан Трајковски.

Македонија е скриен скапоцен камен. Вака Материја Крегар Глиха, туристички водич од Словенија ја опишува нашата земја. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија