22 Јануари, 2025
0.0273

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

ПРЕДЛОГОТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ НАИДЕ НА БУРНИ РЕАКЦИИ

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно загрижен од предлогот на Фискалниот совет за зголемување на пензискиот стаж за остварување на правото на старосна пензија на 67 години.

Од Левица остро се спротивставија на предлогот на Фискалниот совет, старосната граница за пензионирање да се зголеми на 67 години. 

Од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти, препорачува Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратегија 2025-2029 година. 

Македонците се меѓу нациите кои најкратко го користат пензискиот стаж, што уште повеќе ќе се скрати ако се продолжи границата за пензионирање. Дополнително, зголемувањето на границата може да биде и контрапродуктивно и за работниците и за фирмите, и да води кон повеќе повреди на работно место. 

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР ЗАТОА ШТО САКАЛО ДА ЗАПАЛИ ЗНАМЕ

Осумдневен притвор доби млад скопјанец кој се обидел да запали албанско знаме. 

Како што информира полицијата,  20-годишниот скопјанец вчера околу 23 часот на подрачјето на општина Центар се обидел да запали албанско знаме.

„Единицата за насилен криминал при СВР – Скопје поднесе кривична пријава против К.К., на возраст од 20 години, поради сторено кривично дело по член 319 од КЗ. Синоќа во 23:10 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.К., кој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме“, појаснуваат од МВР.

ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНА МАНДАТОТ НА ШЕКЕРИНСКА

Радмила Шекеринска вчера и официјално ја презеде функцијата заменик генерална секретарка на НАТО, што е значаен момент како за Северна Македонија, така и за алијансата во целост. 

Шекеринска, како што се наведува на ажурираната страница на НАТО, како поранешен вицепремиер и министер за одбрана, има искуство како креатор на политики и создавач на консензус, што ќе биде клучно за нејзината нова улога. Таа е и силен поборник за родова рамнотежа и за унапредување на трансатлантските односи.

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ

Европскиот фронт денеска поднесе 4 интерпелации.

Интерпелациите се за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети, денеска на прес-конференција изјави дека интерпелацијата ја поднесуваат за работата на четворица членови на Владата, за кои наведе дека се без етнички легитимитет.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните купуваат елки и украси со цел да го разубават домот по повод претстојните празници, Нова година и Божиќ. 

Вработените во Агенцијата за пошти на Македонија иако се малку на број уживаат солидни бенфити, барем кога е платата во прашање. Податоците од годишната програма за работа на Агенцијата открива дека 16-те вработени, колку што се наведени на веб страната на ова тело имаат нето плати кои грубо се движат над 1.300 евра месечно.

Наградата за претседател на Надзорен одбор, кој не е вработен во банкарската групација, изнесува дополнителни 3.750 евра, а годишна награда за надворешен член во некој од одборите за именување, наградување или ревизија е 7.500 евраНаградата за претседател на Надзорен одбор, кој не е вработен во банкарската групација, изнесува дополнителни 3.750 евра, а годишна награда за надворешен член во некој од одборите за именување, наградување или ревизија е 7.500 евра

Можеби ќе ве интересира

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

„МИЦКОСКИ ИМАШЕ СРЕДБИ СО ЛУЃЕ СО БИТНО ВЛИЈАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ ПОВЕЌЕ ОД СИТЕ ВЛАДИ НА СДСМ“: „А Таче не се брои, пошто е битен ко семафор на пешачки во Чаир“ - Латас распали

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

САРАЕВО Е ПРВО: Скопје е 11-ти најзагаден град во светот

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

„ЕУРОЊУЗ“: Македонија има најзагаден воздух во Европа - кои држави се во иста група?

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ИЗМАМЕН ТЕТОВЧАНЕЦ: Му ветиле 17.000 долари, а останал без пари

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО СПИКЕРСТВО, СНЕЖАНА ЛИПКОВСКА: Прерпознатлива во цела бивша Југославија по зелените очи и моќниот глас

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ИМА ВЕРБА ДЕКА МВР ЌЕ ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ - сопственичката на бутикот што изгоре во Карпош се заблагодарува за поддршката

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

ЛЕКОВИ, ИНСУЛИНСКИ ИГЛИ, КЛУЧЕВИ ЗА АВТОМОБИЛИ, ОБЛЕКА - цариниците со „полни раце работа“, еве што се заплениле

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

Села: Зошто Мицкоски и функционерите од „Вреди“ не ги покажат поканите од инаугурацијата?

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп

СЕ БОРИМЕ СО БРИСЕЛ, БЕРЛИН, ПАРИЗ, ЛОНДОН...НАШИОТ ГЛАС Е СЀ ПОСИЛЕН: Мицкоски уште еднаш се огласи од САД, се сретна со близок соработник на Трамп