24 Април, 2024
0.0300

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија не се врзува со рокови, а пратеник ги бара моштите на Цар Самоил

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

БУГАРИЈА НЕ СЕ ВРЗУВА СО РОКОВИ

Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека најважно е да продолжи конструктивниот дијалог меѓу Скопје и Софија и да не се подлегнува на провокации. 

Тој кажа дека не се обрзале на некои рокови. Петков во изјава за бугарските медиуми повтори дека е потребно да се свика бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност на кој би се разговарало за сето она што досега го направиле владите на двете земји.

„Единственото нешто на што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, а министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Ветивме дека ќе го задржиме конструктивниот тон. Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да се обидат да предизвикаат провокации“, изјави Петков. 

БУГАРСКИ ПРАТЕНИК ГИ БАРА МОШТИТЕ НА САМОИЛ

Пратеникот од владејачката бугарска партија „Продолжуваме со промените“ Венко Сабрутев ги бара моштите на Цар Самоил за да Бугарија го тргне ветото за Македонија. 

Тој од Македонија бара гаранции и гестови, за да дозволат земјава да почне преговори со Европската Унија(ЕУ). Вели актуелни теми за бугарскиот народ се инфлацијата, цената на горивата и гасната криза, а не Македонија. Пратеникот смета за прашањето за Северна Македонија треба да се бара национален консензус. 

НАСТАВНИК ОД СТРУМИЦА Е ОСОМНИЧЕН ЗА ПОЛОВ НАПАД НА ДЕТЕ

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица осомничен за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик.

Пријавениот, наставник во основно училиште во Струмичко, соопштија денеска од МВР, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето, со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.

ТРАМПУЖ СОВЕТУВА ДА БИДЕМЕ ПРЕТПАЗЛИВИ ЗА МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ

Мајмунските сипаници се шират низ светот, а по Португалија, Америка, Канада, Велика Британија, Грција пристигнаа и во Германија. Научниците тврдат дека нема причина за паника, но дека е неопходна претпазливост.

Проф. Д-р Андреј Трампуз, утринава од Берлин за српската телевизија К1 изјави дека ниту еден од пациентите во Германија не е хоспитализиран.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Порастот на просечната плата веќе три дена ја бранува јавноста. Согласно последните податоци од Заводот за статистика, просечната нето плата во земјава надмина 30 илјади денари, што беше и повод премиерот Ковачевски да им се заблагодари на сите министри од неговиот и мандатот на неговиот претходник.

РКМ Дооел, на Ратко Капушевски, минатата година се вратил како сериозен играч на пазарот на големо со горива во земјата, покажува извештајот на Регулаторна комисија за енергетика за 2021.

Нова туристичка сезона со стари проблеми. И оваа година на охридско – струшката ривиера фалат работници. Според Крсте Блажески од ХОТАМ, во овој дел на Македонија се потребни од 500 до 1.000 работници, и тоа најчесто келнери и готвачи.

Хакирани профили, злоупотребени слики од социјални мрежи и објава на лични податоци. Ова се само дел од поединечните закани за корисниците на интернет, во време кога се зголемуваат и сајбер нападите на фирми и организации, а се пробиваат огромни бази со чувствителни податоци. 

КАМ продолжува да биде суверен според остварениот приход од продажба, а Веро и лани држи лекции за профит како резултат од продажба. Овие две позиции се константа. Кипер е најбрзорастечка трговски ланец, а Стокомак му „дише во врат“. Тинекс ја држи позицијата над 100 милиони евра приход, а Рамстор Македонија има фантастичен раст на добивката, каде се Кит Го и Жито?

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција