ФАКТОР ДОЗНАВА: За кого ќе има повисоки даноци од 1 јануари?
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022
Со примена на новиот владин закон на личен доход од 1 јануари 2023 година, ќе се зголемат стапките со кои се оданочуваат личните приходи по сите основи, дознава Фактор неофицијално.
Со ова ќе бидат опфатени даночни образници кои остваруваат доход по овие основи:
- доход од работа
-доход од самостојна дејност
-доход од авторски и сродни права
-доход од продажба на сопствени земјоделски производи (кај приходите по овие основи до износ до 1.080.000 ќе се плаќа 10 отсто данок, а над тој износ ќе изнесува 18 отсто данок на личен доход)
Стапката од 10 се зголемува на 15 отсто на доходите кои се остваруваат по следниве основи:
-доход од закуп и подзакуп
-доход од права на индустриска сопственост
-доход од капитал, дивиденда
-капитални добивки
-доход од игрите на среќа
-доход од осигурување
Доколку Владата не смени нешто веројатно многу од даночните обрзници ќе сменат седиште во други земји, каде има поповолно оданочување. Ќе се зголеми и даночното затајување како негативен ефект.