11 Април, 2021
0.0193

ФАЈЗЕР СО НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Вакцинација секоја година, можеби ќе биде потребна и трета доза

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2021

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и на тој начин да обезбеди подобра заштита од нови варијанти на коронавирус.

„Веруваме дека третата доза ќе го зајакне имунолошкиот одговор за 10 до 20 пати“, рече Бурла.

Новата студија ќе ја следи безбедноста и ефикасноста на третата доза во двете возрасни групи. Луѓето од 18 до 55 години ќе учествуваат во едната група, а луѓето од 65 до 85 година во другата група. Тие исто така учествуваа во првичното клиничко испитување на Фајзер.

За време на оваа студија, учесниците добија две дози од вакцината, во временскиинтервал од три недели. Истиот интервал на дозата е оној што моментално се препорачува.

Фајзер исто така планира да започне со тестирање за да утврди дали модифицираната верзија на вакцината е ефикасна и против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Од компанијата посочуваат, како што корона вирусот мутира, така се прават и модификации на вакцините.

-Истото се случува и со грипот, кој се менува од година во година, затоа вакцините против грип постојано се подобруваат за да бидат ефективни. Секоја година треба да се вакцинирате против грип, исто ќе биде и со ковид. За една година, ќе мора да отидете да се вакцинирате против ковид за да се заштитите една година, рече Бурла.

Неговите изјави сугерираат дека kovid-19 ќе остане меѓу нас дури и кога ќе заврши пандемијата. Покрај тоа, ќе бидат потребни дополнителни студии за да се утврди кога е најдобро време за повторно вакцинирање против коронавирус, пренесува Ројтерс. 


Можеби ќе ве интересира

СВЕТОТ ПРЕД НОВА ЗАКАНА: Бразилскиот сој најбрзо се шири и е најотпорен на вакцини

СВЕТОТ ПРЕД НОВА ЗАКАНА: Бразилскиот сој најбрзо се шири и е најотпорен на вакцини

БЕГАЈЌИ И НА ПОЛИЦИЈАТА КОЈА ИМ ЈА ОТКРИЛА ЗАБАВАТА - младо момче од Белгија паднало од прозор и починало

БЕГАЈЌИ И НА ПОЛИЦИЈАТА КОЈА ИМ ЈА ОТКРИЛА ЗАБАВАТА - младо момче од Белгија паднало од прозор и починало

РАЗБИЕНА СРПСКА КРИМИ БАНДА ВО ШПАНИЈА - уапсени четворица со марихуана од 600 илјади евра

РАЗБИЕНА СРПСКА КРИМИ БАНДА ВО ШПАНИЈА - уапсени четворица со марихуана од 600 илјади евра

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ СИТЕ НАД 30 ГОДИНИ - Јужна Кореја „пресече“ за АстраЗенека

ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ СИТЕ НАД 30 ГОДИНИ - Јужна Кореја „пресече“ за АстраЗенека

ЗА ДА СЕ ПОДОБРИ ЕФИКАСНОСТА - Кина размислува да меша различни видови на вакцини

ЗА ДА СЕ ПОДОБРИ ЕФИКАСНОСТА - Кина размислува да меша различни видови на вакцини

ПОДМЕТНУВАЊЕ ИЛИ ПРОБЛЕМ: Свиркачи до ЕМА доставиле документи за четири смртни случаи по Спутник В, од Гамалеа тврдат дека кај ниту еден не е пронајдена никаква врска со вакцината

ПОДМЕТНУВАЊЕ ИЛИ ПРОБЛЕМ: Свиркачи до ЕМА доставиле документи за четири смртни случаи по Спутник В, од Гамалеа тврдат дека кај ниту еден не е пронајдена никаква врска со вакцината

ВАКЦИНИ ИМААТ ДОВОЛНО: Франција и Германија го забрзуваат вакцинирањето

ВАКЦИНИ ИМААТ ДОВОЛНО: Франција и Германија го забрзуваат вакцинирањето

ПРИЧИНАТА БИЛА БИЗАРНА: Еве зошто Ким Џонг Ун погубил еден од своите министри

ПРИЧИНАТА БИЛА БИЗАРНА: Еве зошто Ким Џонг Ун погубил еден од своите министри

БЕЗ ЗАТВОРАЊА И МАСКИ - дали се исплатеше различниот пристап на Шведска во борбата против коронавирусот

БЕЗ ЗАТВОРАЊА И МАСКИ - дали се исплатеше различниот пристап на Шведска во борбата против коронавирусот