Европски град ќе ги плати долговите на младите
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2020
Градот Амстердам ќе ги преземе долговите на младите, за да им ја олесни ситуацијата на оние кои се мачат да почнат со работа или да продолжат со образование.
Натрупаните долгови меѓу младите Холанѓани, се смета за голема пречка за вклучување на пазарот на трудот или за завршување на високото образование.
На младите ќе им се отпише уште поголем дел од долгот доколку успешно се приклучат на тренинг за работа или образовна програма.
„Долговите предизвикуваат стрес и тие често ја одредуваат иднината на младите. Многумина од нив се најдоа во ситуација од која не можат да излезат без помош. Затоа ние сега ќе им помогнеме за да можат да направат нов почеток“, изјави заменик градоначалничката Марјолен Морман.
Општинска кредитна банка ќе преговара со кредиторите да ги откупи долговите. Кредиторите ќе добијат 750 евра како поттик да го префрлат долгот.
Повеќе од една третина од жителите на Амстердам на возраст меѓу 18 и 34 години се во долгови. Просечен студентски долг во Холандија во 2019 година беше 13.700 евра.