Европска земја има над 10.000 заразени во еден ден
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Септември, 2020
Прв пат има над 10.000 заразени од Ковид-19 во еден ден.
Станува збор за 10.561 регистрирани случаи на коронавирус за само 24 часа во Франција.
Овие бројки го надминаа рекордот поставен во четвртокот, кога властите објавија дека има 9.843 случаи на Ковид-19.
Починале 17 лица со што бројот се искачи на 30.910 од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.
Во Франција досега се заразени 373.911 лица со коронавирусот.
Франција е 13-та во светот по бројот на дијагностицирани случаи.
Бројката на заразени во светот се искачи на 28.9 милиони.