24 Април, 2024
0.0271

„Европа“ врти нова слатка страница во својата историја

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Чоколади, вафли, бонбони, чоколокум, крем банани, голем број генерации израснаа со препознатливите производи од македонската „Фабрика за задоволства“ АД ЕВРОПА која е позната по својата традиција во создавање на уникатни слатки што го освоија срцето не само на домашните купувачи, туку и пошироко. Приказната што започна во 1882 година постојано се надградува со највисоко ниво на квалитет, а оваа година таа приказна врти нова слатка страница.

Сè започна во 1882 година со отворањето на шеќерскиот дуќан ЕВРОПА во Скопје. Од скромни почетоци со дневно производство од 250 килограми и пет вработени, еден од најстарите кондиторски производители на Балканот прерасна во голема модерна фабрика, чии производи денеска се извезуваат во 25 земји и претставува вистински сладок амбасадор на нашата земја. 


ЕВРОПА особено се истакнува по оригиналната рецептура што стои зад секој производ, при што се употребуваат најквалитетни суровини и постојано се следат законските регулативи. Така, оваа година направена е замена на редовната палмина маст со палмина маст со помало присуство на GE (Glicidyl Esters) до 1ppm/kg  согласно законските процедури на ЕУ кои стапија на сила од 30.09.2018г. 

 Како компанија која ги следи и креира трендовите, ЕВРОПА во својот асортиман неодамна внесе нови производи, како што се малите чоколади и вафли МИНИ и чоколадните десерти МИНТИ, кои веднаш го освоија пазарот. Специјализираните продавници се уште еден доказ за заложбите на ЕВРОПА да ги задоволи потребите на потрошувачите, но настојувањето за усовршување, надградба и промени не застануваат тука, а показател за тоа е отворањето на новата ребрендирана продавница во ГТЦ. 

Отворањето на продавницата на едно место собра љубители на слатки задоволства од различни генерации и претставуваше одлична шанса за дегустација на производите на ЕВРОПА.


„ЕВРОПА е компанија која постојано се труди да ги задоволи вкусовите на своите потрошувачи. Оваа година одлучивме да направиме чекор кон иднината и да свртиме нова слатка страница, а како навестување за промените што ќе следат е отворањето на продавницата во ГТЦ, која е израз на духот на традицијата содржан во квалитетот на производите уште од 1882 година, како и на современите трендови кон кои постојано се стремиме. Уште еден показател за промените е  редизајнот на нашите топ 15 производи на што работиме во моментов. Нашите потрошувачи ги очекуваат многу убави изненадувања од нашата „Фабрика за задоволства“ – изјави на отворањето директорката на ЕВРОПА, Марика Караџова. 

Погледнете како помина отворањето на новата продавница на ЕВРОПА во ГТЦ и повелете во новиот современ простор каде можете да се снабдите со највкусните чоколади, вафли, бонбони, локум и останати производи од „Фабриката за задоволства“.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка