13 Август, 2020
0.0334

ЕВРОПА СЕ ПРАШУВА: Зошто смртноста е мала во Бугарија и Албанија?

Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Мај, 2020

Три месеци по почетокот на кризата со корона во Европа, стана јасно дека посиромашните земји на стариот континент ги „поразиле“ побогатите, пишува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, пренесе БНТ.

Во текстот со наслов „Коронавирусот во Европа: Зошто Романија, Бугарија, Албанија и Грција имаат помалку смртни случаи“, се тврди дека посиромашните земји имаат помалку жртви на Ковид-19 затоа што вовеле рано строги мерки.

„Веројатно помалку заразени луѓе заминаа во Централна и Источна Европа во текот на клучните недели од јануари и февруари“, се вели во текстот.

Нагласено е дека, според податоците, некои земји биле свесни за ранливоста на нивниот здравствен систем и затоа не ја потцениле ситуацијата во Шпанија и Италија, но решиле да применат строги правила во рана фаза.

Весникот го наведува датумот 15 март и двата пристапи во Европа - Источна и Западна. Во тоа време, Италија веќе тврдеше дека има 1.809 жртви на Ковид - 19, а имаше 24.000 заразени, Шпанија имаше 294 и 7.988 смртни случаи, Франција, трета најпогодена земја, имаше  5,423 тестирани позитивни. додека „остатокот од Европа мислеше дека е недопрен“.

Многу земји во Европа премолчено се сомневаа дека епидемијата во јужниот дел на континентот е резултат на недостиг на организација во тие земји. 

Според индексот на универзитетот во Оксфорд, кој го следи одговорот на земјите од целиот свет на предизвикот и ги оценува од 1 до 100, при што највисокиот резултат е за максимално затворање, Албанија има 84 бода, Словачка - 71, Романија - 67, Полска - 60, Унгарија - 59, Грција - 57.

Ситуацијата во богатите земји е различна: Германија има 37 бода, Франција - 50, Белгија - 53 и Велика Британија - 11.

фото БГНЕС

Можеби ќе ве интересира

По „Ковид летот“ носењето маска стана задолжително во Финска

По „Ковид летот“ носењето маска стана задолжително во Финска

Поради една заразена жена, цела држава е ставена во карантин

Поради една заразена жена, цела држава е ставена во карантин

Во месо увезено од Бразил имало коронавирус, открија Кинезите

Во месо увезено од Бразил имало коронавирус, открија Кинезите

Зошто некои пациенти полесно, а други потешко се борат со коронавирусот?

Зошто некои пациенти полесно, а други потешко се борат со коронавирусот?

Во Кина вирусот стигнал од Еквадор

Во Кина вирусот стигнал од Еквадор

Вреќи со огномет имало во пристаништето во Бејрут?

Вреќи со огномет имало во пристаништето во Бејрут?

ВИРУСОТ ИМ СЕ ВРАТИ: Внесен е преку смрзната храна?

ВИРУСОТ ИМ СЕ ВРАТИ: Внесен е преку смрзната храна?

КРИЗА ВО БЕЛОРУСИЈА: Светлана Тихановскаја избега во Литванија

КРИЗА ВО БЕЛОРУСИЈА: Светлана Тихановскаја избега во Литванија

Се преселила во Норвешка и објасни зошто не сака да се врати дома

Се преселила во Норвешка и објасни зошто не сака да се врати дома