17 Април, 2024
0.0235

Европа од утре со олеснувања на корона-мерките, СЗО не е среќна поради тоа

Објавено во: Стил 13 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Земјите на Европа, во кои се смета дека веќе е постигнат пикот на епидемијата, почнуваат да размислуваат за постепени олеснувања на строгите рестрикции, воведени за смирување на ширењето на коронавирусот.

Сепак, новата нормалност секаде ќе значи и поинакво однесување - оние кои наскоро ќе се вратат на работа ќе треба и натаму да ги почитуваат правилата на социјално дистанцирање и несобирање се додека не биде создадена вакцина против ковид-19, вели кинеска студија, изработена врз основа на тамошните искуства. Кина успешно се справи со првиот бран на епидемијата, но оваа студија проценува дека опасноста од втор бран е многу реална.

Земјите во Европа веќе бараат соодветна излезна стратегија за ублажување на досегашните ограничувања.

ДАНСКА наскоро ќе ги отвори јаслите, детските градинки и училиштата. За премиерката Мете Фредриксен тоа е внимателна прва фаза. Со нивното отворање на 15 април, данските власти сакаат да ги растоварат родителите кои досега се грижеа за децата и работеа oд дома. Границите на земјата ќе останат затворени до 10 мај. Ограничувањата остануваат на сила за рестораните, кафеаните, баровите, театарите и другите јавни простори, а собирања на повеќе од 10-мина и натаму не се дозволени. Големите настани се забранети до крајот на август.

АВСТРИЈА – како и Данска, и Австрија бргу реагираше на пандемијата и рано воведе строги мерки. Првите чекори за враќање во нормала почнуваат утре кога ќе се отворат продавниците со алат, опрема за домот и градината, но со строги предуслови. Сите продавници, трговски центри и фризерски салони се отвораат на 1 мај, а од средината на мај се предвидува да продолжат со работа и хотелите, рестораните и баровите. Ограниченото движење останува во важност до крајот на април, што значи дека домот ќе смее да се напушта само од оправдани причини. Носењето маски ќе биде задолжително за сите продавници и за јавниот превоз - од утре.

Целиот текст на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре