19 Април, 2024
0.1156

Европа ја тресе финансиски скандал: „Луди“ трансакции во милијарди евра кон данска банка во Естонија

Објавено во: Финансии 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Банки активни во Естонија, се во центарот на скандал со перење пари во кој е вклучена данската банка Danbske bank, со прекугранични трансакции во вредност од повеќе од 1.000 милијарди долари „по тура“ во периодот од 2008 до 2017-та во малата балтичка земја со 1,3 милиони жители, пренесува Ал Џезира.

Станува збор за суми уплаќани од нерезиденти од Русија, Молдавија и Азербејџан. што го прави скандалот уште поголем.

Податоците за прекугранични трансакции, кој прв ги откри Bloomeberg, покажуваат дека најзасегната е естонска банка - подружница на Danske bank, со далеку повисоки суми на трансакции отколку што претходно се мислеше.

Сепак, податоци за можни нивоа на перење пари преку Естонија постепено излегуваа на виделина во последните неколку месеци.

Во мај, податоците на естонскиот финансиско разузнавање покажа дека повеќе од 13 милијарди перени преку банки во земјата влегле во периодот 2012-2016, од кои најмалку 7,3 милијарди евра преку банкарски сметки на нерезиденти.

Danske bank во интерен извештај објави дека во периодот од 2007 до 2015 евидентиран е вкупен рпомет од 200 милијарди евра, од кој голем дел е етикетиран како "сомнителн" и спроведен преку естонската подружница.

Според централната банка засега вкупните прекугранични трансакции во Естонија изнесуваат 1.100 милијарди евра, и ги вклучува сите плаќања - и резидентни и нерезидентни трансакции. Централната банка не објави дали се сомнева дека некое од овие плаќања е сомнително. Стручњаците ова соопштение го оценија како „мошне чудно“.

"Ова покажува дека Danske bank не е сама во ова о тоа се однесува и на други банки", вели експертот за перење пари Јакоб Деденрот Бернхоф, кој живее во Копенхаген.

Поради скандалот, извршниот директор на Данске банка поднесе оставка на 19 септември, бидејќи истрагата овластена од страна на банката откри недостатоци во претходната контрола на усогласеност во Естонија.

54-годишниот менаџер бил задолжен за меѓународни операции Данске банка, вклучувајќи ги и оние во Естонија, 2009-2012.



Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин