24 Април, 2024
0.0273

ЕВН привремено нема да исклучува должници, нема да отчитува броила и нема да реализира нови приклучоци освен во итни случаи

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Со цел делување во насока на спречување на ширењето на корона вирусот и согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН ги презема сите мерки за работа во специфични услови со цел заштита на корисниците и вработените. Не треба никој да биде загрижен за дистрибуцијата на електрична енергија и за одржување на системот за дистрибуција, тоа е работа на ЕВН. Снабдувањето со електрична енергија е стабилно, екипите работат согласно плановите за делување во вонредни состојби.

Во периодот додека на сила се вонредните мерки нема да се исклучуваат корисници и нема да се изведуваат нови приклучоци освен оние кои се неопходни да се реализираат. Нема да се отчитуваат мерните места најмалку еден месец, поради што корисниците ќе добијат сметки со проценети вредности, слично како во летниот период (просек од потрошувачката во последните 12 месеци). По завршување на вонредните мерки, со следното отчитување ќе се израмнат евентуалните отстапувања направени при проценка на потрошувачката.

Додека трае вонредната состојба нема да работат приемните канцеларии во сите Кориснички енерго центри на ЕВН, како и Инфо центарот во Скопје. Корисниците во овој период треба да ги користат онлајн услугите на ЕВН кои се достапни на страната www.evnonline.mk и во случај на итност телефоните за контакт во секој Кориснички енерго центар.

Вработените во Диспечерскиот центар од каде што се управува дистрибутивната мрежа во земјава се целосно изолирани од другите вработени како мерка за заштита од вирусот. Сите други вработени работат според планот изготвен за работа во специфични состојби. Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисницитеТокму затоа сите мерки во овој момент се насочени кон непречено функционирање на тимовите на ЕВН, на заштитата на корисниците и вработените од ширење на корона вирусот.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка