ЕВЕ ШТО ЈА СНАЈДЕ ТУРЦИЈА: Стравични видеа и фотографии од земјотресот
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2020
Драматична ноќ во Турција, по разорниот земјотрес со јачина од 6,8 степени, кој го погоди истокот на Турција, околу 220 км од Газиантеп.
Светските медиуми јавуваат за најмалку 18 жртви, според информациите од Управата за вонредни ситуации и природни непогоди, а бројот на повредените се искачил на над 400. Неизвесно е колку на крајот ќе изнесува црниот биланс.
Во Елазиг, градот кој беше најпогоден, како што јавуваа медиумите, ноќта беше многу ладна, со температури од минус седум степени и очекувани до минус 10, што во голема мерка ја отежнуваше потрагата по преживеани под урнатините.
Од спасувачките служби апелираа до граѓаните да одат во своите домови, а оние чии станови и куќи се срушени, да бидат примени во затворени простории, или да се пријават за наоѓање на соодветно решение.
Повеќе детали тука.