Еве кој во Грција добива трета доза вакцина против ковид-19
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2021
Нема да биде задолжителна, но ќе биде со мРНА вакцина, шест до осум месеци по втората доза.
Во соседна Грција лица над 60 години, здравствени работници и згрижените во домовите за стари лица ќе добијат можност за трета доза од вацината против ковид.
На крајот на овој месец ќе бидат отворени термините за закажување но ќе треба да бидат поминати шест месеци од втората доза, додека веќе следната недела стартува и вакцинација на лицата сместени во старечки домови.