16 Април, 2024
0.0239

Еве кои се експертите „виновници“ од Фондот за иновации

Објавено во: Финансии 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

По низата контроверзни и етички сомнителни одлуки од првиот јавен повик за ко-финансирање на проекти за економски раст на микро, мали, средни претпријатија, Фондот за иновации тврди дека конечнатa одлука за добитниците е кај меѓународните членови на Комитетот за одобрување.

Комитетот за одобрување на инвестиции го сочинуваат 5 членови, кои се избрани и именувани од Владата на Република Македонија. Комитетот ги разгледува и ги одобрува предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот. Како критериум, при бодувањето „Комитетот“ не го зема евентуалниот „судир на улоги“.

Од Фондот вчера со соопштение тврдеа дека не навлегувале во сопственоста на компаниите кои се избрани. Соопштија декапред-селекцијата ја спровеле 80 надворешни лица, експерти од 22 области. Финалната селекција ја направил токму Комитет за одобрување на инвестиции на Фондот. Тој се составен од петмина странски експерти. Именувани се на 28 ноември минатата година, а нивниот избор е направен откако Владата објави оглас  на сајтот на „Економист“.

„Би сакале да потенцираме дека Фондот ни досега, ниту во иднина, вршел или ќе врши дискриминација на компаниите по било која основа. Компаниите се оценуваат единствено според квалитетот на понудените проекти и придобивките од нив.Истовремено Фондот нема мандат, ниту обврска да врши анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да врши проценка на нивната политичка подобност“, соопштија оттаму вчера.

Согласно закон за иновациска дејност изборот на експертите од Комитетот е направен врз основа на минимум 10 годишно меѓународно експертско искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност, со предност на оние од приватниот бизнис сектор, минимум универзитетска диплома, одлично познавање на англиски јазик и флексибилност за бизнис патувања во Македонија со цел активно учество на состаноците на Комитетот.

Ова се петте меѓународни експерти задолжени за рангирањето, при што на 80-тина претпријатија им беа доделени 10,5 милиони евра како дополнителна помош да ги остварат своите проекти.

Кларис Бехар Молад, претседател на тимот

Бехар Молад е широко признат индустриски експерт и директор во сопствената консултантска компанија, првично основана во 1997 година. CBMConsulting. Спроведува сопственички консалтинг и истражување на пазарот на национално и меѓународно ниво и обезбедува работилници и семинари базирани на потребите на клиентот. Бехар Молад има консултантски и истражувачки проекти за теми како што се електронска трговија, управување со синџирот на снабдување, стратешко планирање и користење на Интернет. Обемот на овие проекти ги опфаќа областите од менаџерските прегледи на значајните фактори во технологијата или областите на примена до стратешко позиционирање, конкурентна анализа, анализа на пазарот.

Во текот на нејзината професионална кариера, таа ги координирала и развила придонесите на 12 различни земји во однос на регионалните старт ап заедници, дизајнирала и развила меѓународен курс за економија, работела како главен консултант во УСАИД на проект за лансирање интернет тренинзи на Балканот.

Авинаш Сахи

Сахи од пред неколку години е ангажира како потпретседател во Џонсон Контролс за глобални иновации каде што се фокусира на развивање и спроведување на растот на иновациите на компанијата со акцент на фокусирани стратешки инвестиции.  

Има повеќе од 20 години искуство во стратешки инвестиции, вклучувајќи ја стратегија за трансформација на дигиталниот раст меѓу САД и Кина, преку проширување на присуството на пазарот, подигање на каналот на партнерските способности и подобрување на онлајн трговијата. 

Во текот на неговата кариера соработувал со Боинг и Микрософт. Во неговите претходни работни места можат да се набројат Nike, PERSEUS, LLC, SG COWEN & CO., LLC (Société Générale Group), CISCO SYSTEMS CAPITAL CORP., GENERAL ELECTRIC CAPITAL CORP., THE CHASE MANHATTAN BANK.

Глигор Ташковиќ

Во август 2008 година од потпретседателското место во корпорацијата АМБО (Албанско-македонско-бугарската корпорација за нафта) на проектот за трансбалкански нафтовод дојде во вицепремиерската фотелја во Владата на Никола Груевски како претставник од дијаспората за да привлекува странски инвестиции, но брзо му завршува функцијата.

Има долгогодишно искуство во соработка со меѓународни фирми кои инвестирале во државата. Во моментов Ташковиќ работи како регистриран претставник за Алфасорс капитални хартии од вредност во Њујорк каде е задолжен за привлекување квалификувани инвеститори во хеџ фондови и други видови алтернативни инвестиции.

Работел и како консултант за ,,Фрст дата корпорејшн” (First Data Corporation) во областа на перењето пари и финансиски тероризам, медицинскиот факултет Вејл Корнел во однос на подобрување на процесот на аплицирање, групацијата за хотелиерство Којл, и други.

Доналд Луис јр.

Тој е член на катедрата за менаџмент при економскиот факултет Маис од 1999. Во моментов работи како извршен професор и извршен директор на Блекстоун Ланчапд ТАМУ.

Експерт е за рангирање на проекти на претприемачи, иновации, студентски потфати, настани...

Има опширно искуство во меѓународна економија, како и во образованието што се однесува на претприемништвото и малите бизниси. Тој исто така е претприемач со европско искуство, и е добитник на престижни меѓународни награди од областа на образованието и претприемништвото.

Луис има дипломирано менаџмент и е носител на магистратура во истата област од универзитетот во Тексас.

Николаос Георгулас

Во моментов работи како претседавач на советот на директори на фирмата Вајтстепс СА, која што е приватна фирма која се грижи за интересите на акционерите во земји како Грција, Бугарија, Македонија, чиишто бизниси имаат за цел да ги прераснат границите на самата земја.

Тој исто така има работено и како извршен директор во Телко, компанија за влез на податоци и индустриски автоматизми со претставништва во Грција, Бугарија, Либан, Македонија.

Во 2002 бил разрешен како генерален извршен директор во телекомуникациската компанија на Ерменија со одлука на управувачкиот одбор, кога во компанијата 90 насто од акциите се во сопственост на гркиот ОЕТ, а 10 отсто во сопственост на ерменската влада. Бил и во Арго осигурување, Албатрос ДОО, Мултипак САИК.


Можеби ќе ве интересира

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Ангеловска-Бежоска: Народната банка втора во светот која учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

(ВИДЕО) Благодарение на него Норвежаните знаат каде им се парите

ГРЦИЈА НУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА 25.000 ТУРИСТИ: Внимавајте на условите, а еве ги деталите

ГРЦИЈА НУДИ БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА 25.000 ТУРИСТИ: Внимавајте на условите, а еве ги деталите

ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВОТО ВО РЕГИОНОТ: Македонија и Бугарија имаат најевтини цени според српските медиуми

ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВОТО ВО РЕГИОНОТ: Македонија и Бугарија имаат најевтини цени според српските медиуми

ВАНКОВСКА КАЖА КОЛКУ ПАРИ ТРОШИ ЗА КАМПАЊАТА: „Дал кој колку можел, 209, 500, 1.000 денари“

ВАНКОВСКА КАЖА КОЛКУ ПАРИ ТРОШИ ЗА КАМПАЊАТА: „Дал кој колку можел, 209, 500, 1.000 денари“