ЕВЕ КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО: Денеска жешко, од утре ќе се изладиме
Објавено во: Македонија 04 Август, 2020
Уште денеска жештини, а од утре најверојатно малку ќе се изладиме. Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Според УХМР, ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени, јави УХМР.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Од утре, пак, следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.