07 Декември, 2024
0.0350

ЕВЕ КАКО СРАБОТЕ НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПРВИТЕ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ - чист профит од над 45 милиони евра, каматите се „златната кокошка“

Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Одлично и оди на најстарата и една од најуспешните и најголеми банки во земјава, Стопанска банка Скопје. За првите девет месеци од годинава таа се „закити“ со чист профит од 45,36 милиони евра, фантастична сума која говори дека банкарското работење е убедливо најпрофитабилно, а акционерите на банките што работат во земјава имаат и тоа како причини за задоволство.

Конкретно, доминантен сопственик на Стопанска банка Скопје е Националната банка на Грција, со 94,64 отсто од капшиталот на банката. Уште 1.287 домашни физички лица поседуваат 3,39 отсто од вкупниот број акции, а и 116 домашни правни лица, односно фирми или банки, располагаат со 1,89 отсто од вкупниот број акции на оваа банка.

Во однос на минатата година нето добивката на банката е зголемена за 12,54 отсто, говорат пресметките за порастот на позитивниот финансиски резултат.

Од банката велат дека овој резултат е остварен во време во кое макроекономското окружување покажува позитивни знаци на стабилизација и раст, но сепак, предизвиците од инфлацијата, трговскиот биланс и структурата на пазарот на труд, остануваат важни области кои треба да се следат со внимание.

„Се забележа намалувања на извозните активности на ниво на државата, кои имаа свој одраз врз активностите на компаниите во банкарскиот сектор. Каматните стапки сè уште се одржуваат на релативно повисоко ниво, без промени на условите на домашната сцена, додека во еврозоната беше забележано трикратно намалување на референтната каматна стапка, во очекување дека трендот ќе продолжи и понатаму. Ова е прво последователно намалување на стапката во последната деценија, што укажува на промена на фокусот на ЕЦБ од намалување на инфлацијата кон заштита на економскиот раст. Во првата половина на годината се реализираа и редовните парламентарни и претседателски избори, што дополнително доведе до забавување на инвестициите и одложување на крупни проекти. Геополитичката состојба е непроменета, со сè уште присутните воени конфликти на Русија и Украина, Израел и Палестина, кои имаат свој одраз врз финансиските и политичките текови“, објаснуваат во своето образложение на финансиските резултати од Стопанска банка Скопје.

Но, како што птенцираат, и покрај сите предизвици и неизвесности, во трите квартали Стопанска банка продолжила со своите солидни резултати и високата профитабилност.

Добивката пред оданочување и исправка на вредноста изнесува 65,5 милиони евра, а тоа е за 9 отсто повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Во согласност со стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од близу 15 милиони евра, што е за 2 отсто помалку споредено со минатата година, која покрај исправката за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења“, наведуваат од Стопанска банка Скопје. Со тоа, добивката на банката пред оданочување во периодот од првите три квартали била 50,4 милиони евра, додека, пак, чистиот профит е 45,4 милиони евра.

Што го создаде профитот на банката?

Најголемиот приход секако се нето приходите од камати, кои изнесуваат дури 75,5 милиони евра, што е раст за 11 проценту.

„Во овојрезултат најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности и каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои забележаа пораст како резултат на зголемената ликвидност на Банката која произлегува од депозитите“, се вели во банкарското објаснување.  

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 10,5 милиони евра и се приближни во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од курсни разлики, пак, на банката и допнеле 1,9 милиони евра, што е зголемување за 5 проценти.

Останатите приходи од дејноста се исто така многу солидни и изнесуваат 5,6 милиони евра.

Од банката велат дека и покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, продолжуваат со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето.

Притоа, останатите расходи од дејноста се 12,6 милиони евра, што е раст во однос на истиот период лани.

Додека, пак, трошоците за вработените изнесуваат 14 милиони евра, што е за над 1,5 милиони евра повеќе во однос на истиот период од минатата година. Ова значи дека има подобрување на банкарските плати, или, пак, нови вработувања.

„Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управување со кредитниот ризик е една од приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на третиот квартал од 2024 година, банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 15 милиони евра“, велат од банката.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“