12 Септември, 2024
0.0261

ЕВЕ КАКО ЌЕ РАСТАТ ПЕНЗИИТЕ: Најголем ќар во септември ќе добијат оние со пензии од 13 до 13.500 денари

Објавено во: Економија 13 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Крпење на дупките, вака вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска го нарече ребалансот на Буџетот за 2024 година што денеска, по предлог на Владата, беше донесен од Собранието.

Како што оцени Димитриеска Кочоска во Дневникот на ТВ Сител, со иницијалниот Буџет не било планирано она што било законски, а со ребалансот, предвидено е не само тоа, туку и сервисирање на многуте доспеани обврски. Има пари, рече, за плати, пензии, како и средства за општините.

Министерката смета дека линеарното зголемување на пензиите е најдобриот модел, а минималната плата и нејзиното покачување, треба да се утврдува, како што рече, правилно, врз реална основа. 

За коридорите 8 и 10, повтори дека двата проекта не може паралелно да се тераат. Можеби за две-три години, објасни, ќе може да се вклучи Коридорот 8 кој засега за нас нема додадена вредност, а Коридорот 10, нагласи, за бизнис секторот е  многу поважен и притоа, обврска и приоритет на власта е на компаниите да им излезе во пресрет.

На прашањето за „Бехтел и Енка“, Димитриеска Кочоска одговори дека за следната година се предвидени 250 милиони евра.  

-Во однос на минималната плата и нејзиното зголемување, треба реално да ја гледаме работата. Лично би сакала на сите да им се зголемат платите. Но, кога ги поставувате работите, треба да бидат на реална основа. Мора да работиме на правилно утврдување на минималната плата што значи поголема продуктивност. Мора работите да ги гледаме на долг рок. Во однос на пензиите, сега најмногу ќе добијат оние со најниски пензии од 13 000 - 13 500 денари. Ќе одиме со линеарно зголемување во септември и март, а потоа се враќаме на старата метоодоглоија. Ако лично мене ме прашувате, јас сум за линеарен раст на пензиите, подвлече Димитриеска Кочоска. 

Осврнувајќи се на долгот, нагласи дека веќе не постои ризик за кредитниот рејтинг на државата.

-Вкупно 181 милион евра е долгот што ние го правиме заради куп допсеани обврски кои не беа ниту пријавени, истакна министерката. 

Таа се осврна и на Законот за зголемување на фукционерските плати кој, потсети, го донесе претходната власт. Предложи да се донесе закон за намалување на платите на функционеирите, сите да ги вратат парите што досега ги добиваа по основ на зголемени функционерски плати и оние што земаат, да престанат со апанажа.


Можеби ќе ве интересира

ПРОГНОЗА: Eврото ќе се намали за седум отсто во однос на доларот до крајот на 2024 година?

ПРОГНОЗА: Eврото ќе се намали за седум отсто во однос на доларот до крајот на 2024 година?

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Преговараат со земја членка на ЕУ

МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Преговараат со земја членка на ЕУ

Божиновска на средба со УСАИД во Вашингтон: Инвестициите во енергетски проекти клучни кон зелената транзиција

Божиновска на средба со УСАИД во Вашингтон: Инвестициите во енергетски проекти клучни кон зелената транзиција

Мицкоски: За администрирање на унгарскиот заем ќе платиме само 70.000 евра

Мицкоски: За администрирање на унгарскиот заем ќе платиме само 70.000 евра

ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за Законот од сите пратенички групи

ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за Законот од сите пратенички групи

„ИНФЛАЦИЈАТА ЗАБРЗА, ПОТРЕБНА Е ПРЕТПАЗЛИВОСТ“: Фајненс тинк и понатаму очекува раст на домашната економија

„ИНФЛАЦИЈАТА ЗАБРЗА, ПОТРЕБНА Е ПРЕТПАЗЛИВОСТ“: Фајненс тинк и понатаму очекува раст на домашната економија

КРЕДИТ ОД УНГАРИЈА: До кога ќе го отплаќаме?

КРЕДИТ ОД УНГАРИЈА: До кога ќе го отплаќаме?

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: За еден час ќе заработуваат минимум 15 евра

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: За еден час ќе заработуваат минимум 15 евра

ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ: Што се случи со цената на златото?

ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ: Што се случи со цената на златото?