29 Март, 2024
0.0240

ЕВЕ КАКО ДА ПРЕСМЕТАТЕ - кој и колкав бескаматен кредит може да земе од новите 8 милиони евра

Објавено во: Финансии 18 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владата на денешната седница донела одлука за отворање на новата кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки. Бесмакатните кредити се наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на фирмите.

Ова го објави на фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.

Нова линија 8 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од КОВИД-19. Олеснети услови и начин за аплицирање, Поголем износ на кредити. Важи за СИТЕ погодени компании Минимален износ на кредит е 3.000 евра. Максимален износ на кредит е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени од заклучно со 31.01.2020 наведен во изјава при аплицирање, се множи по бројот на вработени, за пресметани најмногу 3 месеци“, напиша првата финансиерка.

Формулата за пресметка на износот кој компанија може да го искористи е следен:
Број на вработени x 14.500 ден x 3 месеци
На пример: компанија со 10 вработени ќе може да добие 14.500 денари X 10 вработени X 3 месеци = 435.000 денари или 7.073 евра

Кредитните услови се каматна стапка од 0 отсто на годишно ниво, рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци. Обезбедувањето е со меница.

Можат да аплицираат сите подогодени компании, од сите дејности кои: 

маат намалување на приходот на за повеќе од 30 отсто во тековниот период, на пример во месеците март или април 2020 во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година

-се регистрирани повеќе од половина година:
-немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020
-не се во постапка на стечај или ликвидација;
-не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка