ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2025
Последниот пост на Раде Трајковски Штекли на Инстаграм беше во Будва на 4 јануари оваа година.
Тој, пред вчера да биде уапсен, ги помина празниците на црногорското приморје.
Како што е познато, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) потврди дека се лишени од слобода повеќе лица кои се дел од криминална група што се занимава со продажба на дрога.
Вчера попладнето на повеќе локации се вршеа претреси.
„По наредба на обвинител од ОЈО ГОКК во моментов се вршат претреси на повеќе локации. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Може да потврдиме дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога“,се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.
Повеќе информации од ОЈО ГОКК најавија дека ќе има во текот на денешниот ден.
Оваа информација доаѓа откако претходно од Министерството за внатрешни работи потврдија дека е уапсен Раде Трајковски-Штекли кој е осомничен за трговија на дрога и тој наводно предводел група од над десет члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.
Како што е познато, апсењето на Трајковски-Штекли е дел од пошироката операција на МВР, која во изминатиот период резултираше со уапсени десетици членови на криминални мрежи, вклучително припадници на Беланоца, поврзани со повеќе убиства и трговија со дрога.
Полицијата истражува наводи за вмешаност на висок полициски функционер во соработка со скопските наркокланови.
По апсењето на Раде Трајковски-Штекли, кој е осомничен за раководење со мрежа за трговија со дрога, се појави информација дека полицијата одзела мобилен телефон од висок полициски службеник. Се претпоставува дека телефонот би можел да содржи докази за протекување информации кон криминалните групи.
Можеби ќе ве интересира
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово
ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“
