29 Март, 2024
0.0431

Еуростандард банка предупредува: Шпекулациите и лажни информации се на штета на банката и на целиот финансиски сектор

Објавено во: Финансии 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Еуростандард банка АД Скопје ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден се пласирани лажни информации кои се однесуваат на функционалноста на редовното работење на банката, а кои директно се на штета на самата банка и нејзините клиенти.

За ширење на вакви шпекулации најгрубо се користи деловната мрежа на Македонска Пошта на РСМ како субјект со најразвиена бренд мрежа, со што индиректно се обидува да се нанесе штета како на банката, така и на целиот банкарски сектор, имајќи предвид дека преку Македонска Пошта на РСМ се врши најголемиот дел од платниот промет во земјата.

„Еуростандард банка најостро ги демантира овие невистини кои можат да имаат далекусежни последици кон банката и кон банкарскиот сектор како целина“, информираат од Еуростандард банка.

За оваа појава Еуростандард банка веднаш ја извести НБРСМ и очекува дека истата ќе постапи согласно своите надлежности.

Од Еуростандард банка потенцираат дека банката продолжува со своето редовно работење, заштедите на клиентите се безбедни, истите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, се почитуваат сите законски регулативи за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап