ЕУ подготвува економски напад на САД: Ќе настрадаат гиганти како Фејсбук и Гугл
Објавено во: Економија 23 Август, 2019
Европската унија разви еконосмска програма која може да одговори на трговските ограничувања на американскиот претседател Трамп.
Во документот , кој има 173 страни, се предлага ЕУ да покаже повеќе одлучност во областа на трговијата и да воведе еднострани царини на стока од САД, пренесува Политико.
Слични „санкции“ ќе влијаат на технолошките гиганти како Гугл, Епл, Амазон, Мајкрософт и Фејсбук, како европските земји би добиле можност да ги развиваат своите технолошки компании.
На тој начин авторите на документите инсистираат на остри мерки против САД во областа на трговијата.
Весникот напоменува дека овие предлози уште се во фаза на разгледување.
САД и ЕУ воведоа меѓусебни трговски царини на бројни категории производи во пролетта и летото минатата година. Сега ЕУ се обдува да избегне воведува нови американски царини на автомобилите од европско производство, што Трамп го користи за уценување.