ЕУ ќе зададе удар на цената на руската нафта - има договор?
Објавено во: Економија 02 Декември, 2022
Европската Унија(ЕУ) ќе ја ограничи највисоката цена на руската нафта на 60 долари за барел.
Како што пренесуваат агециите, од понеделник ќе почне да применува ембарго за испораките на руска сурова нафта, така што горната граница ќе важи за нафтата што Москва ја извезува по морски пат до пристаништата ширум светот. Полска се согласи со договорот на ЕУ за ограничување горната граница на цената на што Русија ја извезува по морски пат на 60 долари за барел, јавуваат агенциите.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека секој обид на Западот да ја ограничи цената на руската нафта ќе има „тешки последици“ за светските пазари.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски побара претходно цената на руската нафта што пристигнува по море треба да биде ограничена на 30 до 40 долари за барел, што е пониско од нивото предложено од Групата седум (Г7).Според него, санкциите треба да бидат многу ефективни за Русија да ги почувствува, така што границата е на ниво од 30 до 40 долари за барел.