ЕУ да покаже ентузијазам за проширувањето, бара Гутереш
Објавено во: Балкан 29 Септември, 2019
ЕУ да покаже ентузијазам за проширувањето, вели генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш кој разговараше со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Тој изразил очекување дека Брисел ќе покаже поголем ентузијазам за проширување на Европската Унија на Балканот.
Во контекст на постигнување целосна стабилност на регионот, Гутереш ја истакнал важноста на создавањето средина во која работите ќе се одвиваат позитивно. Тој додал дека ова е една од причините за нерешените прашања, со извесниот застој во Брисел во поглед на проширувањето, пренесе РТЦГ.