28 Март, 2024
0.0255

ЕСМ ќе купува милион тони јаглен до крајот на следната година

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ конечно ја објави тендерската документација пред јавноста во која повикува на прибирање на понуди за 810.000 тони јаглен за РЕК Битола и 170.000 тони јаглен за РЕК Осломеј. 

Овој пат понудите ќе се прибираат до 31 декември 2022 преку отворен систем на набавки до исполнување на средствата. Минималните количини кои може да се достават се 50.000 тони за РЕК Битола и 20.000 тони за РЕК Осломеј. Квалитетот на јагленот ќе се тестира лабораториски за да се види дали ја има минималната калорична вредност. Покрај тоа, критериум за избор ќе бидат и цената и големината на понудените количини. Понудувачите ќе треба да доставуваат и пробни количини за да се види како ќе реагираат котлите и опремата.

Засега „Електрани на Северна Македонија“ објави дека е прифатена само една понуда до 90 илјади тони јаглен за потребите за РЕК Битола, како и 130 илјади тони за РЕК Осломеј, кој допрва треба да се рестартира.

Од деветтте фирми кои дадоа 14 понуди за РЕК Битола, дел не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел  имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација, според претходното соопштение на најголемиот производител на електрична енергија во земјата.

Од тие причини, беше решено повторно да биде објавен отворен повик, откако за претходните два не беше објавена техничката документација.

ТЕЦ „Осломеј“ долго време не е во полна функција и работи интервентно. Оваа кризна сезона Електрани на Северна Македонија реши да го пушти во погон и овој капацитет бидејќи РЕК „Битола“ повеќе од пет години не работи во полн капацитет со сите три блока.

Претходната анализа на „Фактор“ покажа дека за превземање од регионалната мрежа од буџет се издвоени една милијарда денари, а за тендерите на кои ЕСМ купуваше струја за своите потреби од 7 до 20 ноември се платени уште околу 800 милиони денари. Кога ќе се удри црта досега скоро пола од 4 милијарди буџетски пари ги „изгоре“ струјната криза

Електроенергетската криза го зема данокот и го тенчи купчето од 65 милиони евра – пари кои Владата со прогласување на енергетска кризна состојба им ги префрли на двете државни електроенергетски компании ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) и на МЕПСО.

За 20 дена двете компании „стопија“ безмалку половина од помошта која им беше ставена на располагање со прогласување на енергетската криза на 7 ноември. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат