31 Јануари, 2023
0.0212

Ново претпријатие „Ски центар Попова Шапка“ пред да оди кај странски инвеститор

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ го одвои имотот на фирмата-ќерка ЕЛЕМ Турс со формирање на две нови претпријатија, од кои едното ќе го носи името Ски центар Попова Шапка Дооел Тетово, кое понатаму ќе треба да биде превземено од стратешкиот инвеститор ТехноАлпин, најавен изминатите денови од Владата.

Второто претпријатие е ЕСМ Молика, под чија сопственост е истоимениот хотел на Пелистер, чија судбина засега не е позната. И на двете претпријатија сопственик е Електрани на Северна Македонија. На Ски центар Попова Шапка за директор е назначен досегашниот прв човек на Елем Турс, Адем Авзиу, додека на ЕСМ Молика ќе биде извесен Миле Вељановски.

Авзиу за „Фактор“ вели дека очекува новоформираното претпријатие да го предаде својот имот на стратешкиот инвеститор до летото следната година, но не преку продажба, туку преку договор за концесионирање.

- Постапката на издвојување од ЕЛЕМ Турс е завршена. Следната фаза е преговарање со стратешкиот инвеститор по сите предлози. На крај, ќе се потпише договор кој потоа ќе треба да биде одобрен од Собранието. Во меѓувреме ќе работи стручниот тим на Владата, а колку што знам, имотот ќе оди на користење кај инвеститорот како концесија, ни изјави Авзиу.

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Понудата на компанијата доби зелено светло и од Владата. „ТехноАлпин“ е најавен од Владата како лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30-годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени.

Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на постојната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

Лани државата за 17 отсто ги зголемила приходите од даноци

Лани државата за 17 отсто ги зголемила приходите од даноци

НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ФРАНЦИЈА: Училиштата затворени, сообраќајот во застој

НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ФРАНЦИЈА: Училиштата затворени, сообраќајот во застој

Анѓушев: Од мај продажба на електрична енергија за извоз

Анѓушев: Од мај продажба на електрична енергија за извоз

ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра

ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра

Бектеши открива: Гасот доаѓа од Турција и Грција

Бектеши открива: Гасот доаѓа од Турција и Грција

Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

За колку се намали вредност на рубљата во однос на доларот?

За колку се намали вредност на рубљата во однос на доларот?

ПОТРЕБНИ СЕ И ВО ЈАВЕН И ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Оваа професија станува популарна

ПОТРЕБНИ СЕ И ВО ЈАВЕН И ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Оваа професија станува популарна

Прогнозите на ММФ контрадикторни: „Очекувајте го неочекуваното“, а оваа земја дефинитивно оди во рецесија

Прогнозите на ММФ контрадикторни: „Очекувајте го неочекуваното“, а оваа земја дефинитивно оди во рецесија