23 Април, 2024
0.0413

УЛТИМАТУМ: Ердоган бара курдските борци до вечер да ја напуштат североисточна Сирија

Објавено во: Свет 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сириските курдски борци мора до вечер да ја напуштат пограничната зона во североисточна Сирија за Турција да ја запре воената офанзива.

Ердоган од турскиот парламент порача дека Анкара нема да попушти пред притисоците и оти ќе ја продолжи воената офанзива се додека турските сили не продрат на 30 до 35 километри на територијата на Сирија.

Тој ја повика меѓународната заедница да ја поддржи турската борба против курдските борци во Сирија, кои ги смета за терористи поради врските со бунтот на Курдите во Турција.

Цел на турската офанзива е создавање „безбедносна зона“ во ширина од триесетина километри долж границата, со цел Турција да се раздвои од зоните во Сирија кои се под контрола на курдските сили.

– Наш предлог е веднаш, вечерва, сите терористи да го остават оружјето и опремата, да ги уништат своите упоришта и да се повлечат од безбедносната зона која ја одредивме, истакна турскиот претседател.

Ердоган истакна дека, кога ќе се утврди дека тоа е направено од градот Манбиџ до границата со Ирак, ќе биде завршена турската операција „Извор на мирот“, која, според него, е насочена само против терористи.

Можеби ќе ве интересира

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат