Епидемиолошката состојба на Западен Балкан е оценета како многу сериозна
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 14 Април, 2021
Состојбата во Западен Балкан е многу сериозна, алармираат од Светската здравствена организација(СЗО).
Претставничката на Европската канцеларија на СЗО Кетрин Смолвуд денеска предупреди на ситуацијата со коронавирусот во регионот и ја оцени како крајно сериозна. Вели дека болниците треба да извршат пренамена, што значи дека другите видови медицински услуги се нарушени и одложени, а тоа повторно значи дека системот ќе биде оптоварен и во иднина.
„Тоа значи дека мора да ги примениме сите мерки без да чекаме за да ја намалиме стапката на инфекција“, изјави Смолвуд за РТС
Таа оцени дека трите варијанти на коронавирусот, првпат откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, се многу загрижувачки. Вели дека е можно ефиканоста на вакцините да биде намалена поради мутациите. Смолвуд рече дека Европа досега не вакцинирала ни приближно толку луѓе што би било доволно да се влезе во друга фаза од пандемијата.