ЕПИДЕМИОЛОГОТ ФАУЧИ: Не очекува црна бројка на починати во САД ако сега ја спасуваме економијата
Објавено во: Економија, Свет 13 Мај, 2020
Врвниот американски епидемиолог, кој во
моментов раководи со Кризниот штаб во белата куќа, Ентони Фаучи, предупредува
на тешки и сериозни последици, ако земјата се отвори пребрзо за сметка на
реактивирање на стопанството во земјата. Фаучи смета дека моментот за
олабавување на мерките е особено критичен и би можел да резултира со смрт на
уште стотици илјади починати од корона вирусот.
-Ако во моментов, барем една сојузна држава или град одлуча да ја спасуваат економијата, а лично сметам дека се уште не се создадени такви услови во САД, тогаш може последиците да бидат страшни, предупреди Фаучи во Сенатот.