ЕПИДЕМИЈАТА И ВО СРБИЈА НЕ СТИВНУВА - нови 287 заразени и 11 починати
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2020
Додека кај нас се очекуваат резултатите за бројот на заболени и починати во последното деноноќие, во соседна Србија повторно лоши бројки, иако малку подобри од вчерашниот ден.
Во оваа соседна држава, како што јавуваат тамошните медиуми, биле направени 4.050 тестирања, а 287 лица се новозаразени од коронавирусот.
За жал, битката со вирусот ја изгубиле 11 лица.
Според последните податоци, во моментов во српските болници на респиратори се 144 пациенти.